ПРЕСПА

Од Фатос Баџаку

 

На страна од езерото „со дух“

Преспа | PrespaСува Гора навистина го заслужува името кое го има. Подгорена од силното сонце изгледа како еден победен џин од топлината и сушата, кој сепак одбива да даде душа. Ниту една сенка, ништо живо што се издига повеќе од половина метар, само сува трева која е потполно исушена со време  и ниска шума која едвај се држи на нејзините падини. Ова е Сува Гора во текот на летото. Во зима џинот е сосема друга работа, тогаш тој  ја „става“ тешката капа од снег  и изгледа како да е потполно во форма. Но за да дојде тоа време ќе треба да „страда“ од топлината и заедно со него ќе страдаат и луѓето од селата кои се наоѓаат под неговите нозе.Тргнати сме кон Преспа, езерото поделено од три држави.

Пред некое време по завршувањето на 5 годишната меѓународна студија, двајца искусни професори, Сократ Аматај и Молнар Коланеци, раководители на проектот за езерото го повторија алармот: Нивото на Преспанско езеро паѓа на алармантен начин! Само во перодот 1908-2010 нивото опадна за 8 метри, толку колку што е длабоко Скадарското езеро. Самото Преспанско езеро е длабоко до 50 метри. Едно од најпредните места во Албанија и регионот е во опасност. Со овој проект се даваат и некои од причините за ова бавна и незапирлива појава: погрешните активности на човекот, некоја тектонска активност која ги има зголемено подводните врски помеѓу Преспа и Поградец, глобалните климатски промени во последните децени. Како и да е, помалку вода значи езеро без интерес. Не само помалку риба, но и помалку посетители и сонот за да се има еден ден развиен туризам колку доаѓа и се намалува со текот на времето. Проблемот станува по акутен ако потсетиме дека Националниот Парк Преспа (која ги вклучува и Мала Преспа заедно со Трени и околината) е најголем во целата земја. Неговата територија е поголема од сите други паркови заедно. Додека патуваме пешки по должината на Сува Гора, поминувајќи ги со ред Нижавец, Врештас, Корито, Свети Ѓорѓија стигнуваме до Ѕвезда, едно од поголемите села во целата област. Всушност, вистина имаме патувано по должината на падините на Сува Гора, но од другата страна имавме големо поле кое се протега далеку во хоризонтот. Всушност, ние патувавме по стариот пат кој ја поврзуваше Корча со другиот дел од земјата. До почетокот на 50 -те години тука се простираше друго езеро, кое, бидејки требаше да се исуши стана навика да се нарекува Малиќчко мочуриште. Ова големо езеро, богато со посебна флора и фауна се исуши само со идеата “дека се прави голем чекор напред “, но и со идеата дека само така ке се зголеми земјоделското производство за една полугладна популација, но и со илјадници жртвувања и човечки жртви. Судбината на Малиќ е веќе позната, но таа на Преспа?

Во Пустец

На излезот од Ѕвезда еден голем каменолом продолжува бескрајно да мели камења. Патот што те носи за Преспа е проширен и асфалтиран во последно време. Во Преспа се доаѓа секогаш, со нов пат и со стар пат...Не е само езерото, не е само историјата и црквите, на прво место се луѓето. Првото застанување го правиме во Пустец, село, како и другите наоколу населено со македонско население. Всушност, во сите подоцнежни мапи и во сите документи ова село, кое исто така е центар на општината е запишано со албанското име Лиќенас. И ова работа со имињата има своја историја, кога меѓународната гранична комисија, во чии состав од албанска страна беше познатиот Мехди Беј Фрашери, во 1924 година ги постави границите кои се и денеска, цела ова област помина од  грчко и југословенско владеење во албанско. Тоа е времето кога Југославија ги зема Св.Наум и Вермош. Во своите спомени Мехди Фрашери го обележува како големо остварување на Албанија добивањето на овие територии во замена на Св. Наум. Според него преземањето од еден дел од планината на Сува Гора заедно со Преспа ја правеше Корча еден побезбеден град. Како и да беше работата зборот ни беше за имињата. Од кога овие села поминаа под Албанија на некому му остави впечаток нивното звучење на македонски. Тогаш Пустец беше преименуван во Shen Pal (СВ. Павле), додека Зрноско со чудното име Лараска, едно именување кое сигурно не би можело да имаше долг живот. После 1967 година кога се затворија црквите, џамиите, теќината, на поранешен Пустец, Shen Pal повторно им го сменија името. Овој пат тој ќе се викаше Лиќенас. Но локалните жители ги имаат користено и ги користат старите имиња. Во центарот на Пустец се среќаваме со Ѓорѓија, татко на две деца, кој работи некаде во близина на Костур. Со грбот свртен кон езерото тој ни кажува зошто езерото со кое некогаш беа силно поврзани, сега не можи да ги издржи повеќе: „ако не издржуваше езерото јас немаше зошто да одам во Грција, на гурбет. Таму сум уште од 1995 година и работам заедно со пријателите на обработка на камен. Таа е навистина тешка работа,  но живееме  нормално. Сега е намалена работата од кризата, но не се споредува со напорната работа и тешкиот живот кој ќе го имав ако останев тука. Тука има малку земја и не дава многу производство. Езерото нема повеке риби. Малку од загадувањето што го правиме самите ние, малку и заради нивото на езерото кое е многу паднато, целата риба оди кон грчката страна. Со душа ке седев тука, нема како твојата земја, но тука нема повеќе со што да се издржам...“.

Друг мој пријател е Жифко. Овој за разлика од неговиот другар продолжува да се занимава и со риболов. „Се занимавам, но само колку  за себе – ни вели – не вреди тоа што го фаќаме да го продаваме во Корча, не вредат само патните трошоци. Порано, дури до 1994 година имаше случаи кога фаќавме 200-300 кг риба. Сега кој фаќа 10 кг е првиот во селото, езерото беше богато со многу видови на риба, крап, карас, клен, мрена, плотица, циронки. Сега овие се намалени“. После двајцата пријатели се сеќаваат уште еднаш за езерото.“ Дали се сеќаваш- му вели Живко на Ѓорѓија – на времето кога ние бевме деца езерото доаѓаше  во близина на патот“. Другиот ја мрда главата без да ја сврти главата кон страната на Преспанското Езеро.

„ Духот  на езерото

Зрноско е друго село на страна на езерото. Не е големо колку Пустец но кај локалните жители остава голема надеж. За разлика од другите села од областа, покрај Зрноско има вистински плажи со песок и ситни камчиња. Широка плажа каде можи да одиш долго во вода за да стигниш до длабочина. Токму затоа во оваа област се изградени повеќе ресторани, во еден од нив среќаваме  еден 88 – годишен. Тој се вика Босилко Ило Тодор, чичкото има живеено целиот свој живот во Зрноско, со исклучок на годините кога го зедоа војник во Корча. „Во оваа прилика научив и албански – ни вели – зошто порано не знаев ниту еден збор“ . Чичко Босилко овој пат ни зборува за езерото : “Нашите стари велеа дека нивото на езерото  порано стигаше горе до ридот, после со текот на времето нивото на езерото опаѓаше. Имам слушнато повеќе предпоставки како да го спасиме езерото. Навистина треба да се размисли добро, затоа што со езерото сме научени од генерација на генерација. Но што не ни слушаат ушите : не ќе ја фрлиме во воздух теснината кај Завер, таму во Горица, каде што водата понира за Поградец и Тушемиште, не ќе ги затвориме другите излези, или подобро ќе ја бетонираме клисурата во длабочина и тн. Забораваат дека езерото има свој дух. Ако се однесуваш добро со него тоа те наградува, ако не, тоа ке си оди ако има решено. Нашите стари ни велеа дека тоа си оди кога дознава дека ке се случат лоши работи. Ова и сам го имам видено. Кога започна Грчко- Италјанската војна жестоки борби се одржаа токму тука каде што сме денес. Со семејството се преселивме од тука и отидовме во Глобочени каде беше помирно. Само што започна војната нивото на езерото опадна. По борбите кога дојдовме го имаме најдено над патот. Што мислите вие за ова ? “.

“Колку е важно да го познаваме езерото “, го прашува чичкото еден од нас. „Тоа е толку важно што ти треба да ја спасиш главата. Ова езеро е многу чудно ако не го познаваш, или ако го потцениш. Колку човечки глави изело ова езеро! Само затоа што не го познаваа или не го почитуваа. Се сеќавам точно тука каде што сме, е удавен еден соселанец, татко на две деца. Малку подалеку се удавени две сестри. Езерото е непредвидливо. Од тука ветерот може да ја смени својата насока во рок од неколку минути, а потоа станува страшно. Единствено решение е да седиш во чамецот и да не скокаш во вода. Ако не го знаеш ова, подобро не плови по ова езеро “.

Цркви

Каде се крие духот на езерото? Можеби на тивки места каде човековата нога е тешко да стигне. Преспа е позната и по нејзините цркви кои се наоѓаат во пештери на брегот на преспанското езеро. Овие се малечки цркви за кого што специјалистите сметаат дека најстарата од овие е од дванаесети век, додека поновата од четиринаесети век. Црквите се мали и кај нив се стигнува после долго возење со чамец. Потоа започнува качувањето по стрмните скалила кои се вградени во карпа. Само можи да ги замислиме, монасите, кои решија да живеат изолирано само молејки се на бога. По традиција монаштвото се раѓа во Египет, можеби во Александрија. Формите на постоење на монасите беа различни, почнувајќи од изолација како монасите од Преспа, или спиењето на врвот на колоната. Оној кој што ја донесе ова дарба во Европа беше еден христијански светец кој подеднакво е почитуван од страна на двете цркви, католичката и православната. Овој живееше во трети век. Тој се вика Св. Атанас и е запамтен како познат теолог кој успеа да го спаси единството на Светата Тројца. Велат дека имаше толку непријатели што му го дадоа името „Atanasius contra mundum“ (Атанас против светот). На овој светец му е посветена црквата во Пустец. Еден монашки светец во место каде што со векови имаат живеено монасите, да е само случајност? Точниот одговор го знае само молчливото езеро.

Друга позната црква е црквата Св.Марија која се наоѓа во пештера на островот Мали Град. Црквата за прв пат е изградена во 1345 година. Специалистите велат дека таа е фрескоживописана 24 години подоцна по порачка на Кесар Новак и неговата жена Кали. Новак изгледа дека е локален принц од областа од тоа време. Неговиот портрет и на неговата сопруга го гледаме на предниот зид на малата црква, каде и денеска многу верници ја користат секоја прилика за да донесат облека од нивните роднини со  надеж дека ќе имаат подобар живот. Само што многу од нив уште забораваат да го прашаат духот на езерото.

1924, војници, албанско училиште

Стерјо Спасе (1912-1989) е можеби најпознатото име кој потекнува од Преспа. Познатиот писател замина на млади години од Глобочени, неговото родно место на страна на Езерото, но никогаш не ги прекина врските со неговите луѓе и место. Последното патување за родното место го направи само неколку дена пред да ги затвори очите. Шест години подоцна, неговиот син објави книга врз основа на бројните белешки што Спасе ги остави зад себе. Подолу еден мал дел од нив.

„ ...Беше есента1924 година Стерјо, помагајќи го големиот брат Јоше околу лоиштата во езерото, виде од далеку мизерија на луѓе кои се приближуваа од Клисурата на Бигла, оставајќи зад себе чад, прашина...Јоше ја стави раката на капата. Мизеријата од луѓе се приближуваше. Напред беа неколку коњаници, назад парталава пешадија со долги пушки врзани со врвки. Набрзина Јоше ги собра алиштата, ги фрли во чамецот и двајцата излегоа на брегот. Предходницата на војската, две момчиња, застанаа со коњите пред нив:

Аирлија работа, рибари! - прозборе едниот.

Јоше се изгуби за некое време.

Не разбирам  – одговори Јоше собирајќи ги рамениците.

Стерјо еднаш го гледаше поголемиот брат еднаш припадниците на армијата.

Глобочени, Горица, Туминец каде се? - прашаа тие.

Глобочени тука, Горица таму...  покажа Јоше со рака.

Ние сме албански војници. Сега овие села ке преминат под Албанија.

Стерјо ја сврти главата кон коњаницата...

После две недели од доаѓањето на албанската војска во Горна Горица се отвори албанско училиште со учител од Корча, кој се викаше Пандели Сина.

... Стерјо кога се врати првата недела од училиште ги најде двајцата браќа Јоше и Стојан како ги солеа уловените риби во текот на ноќта. Јоше само што го виде стана и го бакна.

Како си помина во Горица, како ти изгледа новиот учител?

Добро брате, многу е подобар од тој во Нивици!

Дали научи малку албански?

Да брате!

Како му велат на конот?

Kale (Кон).

А на рибата?

Peshk (Риба)

А на солта?

Kripe (Сол)...“

(Илинден Спасе, Мојот татко, Стерјо! Тирана 1995)