Формирано македонско друштво “ПРЕГОР” во Поградец

Во регистарот на Основниот суд во Тирана запишано е уште едно друштво на Македонците во Албанија. Станува збор за друштвото “Прегор” на Македонците од Поградец. За претседател на друштвото е избран Петре Шкмби (Спировски).

– Основниот суд во Тирана на 27 ноември 2013 го одобри нашето барање за регистрација на македонското друштво “ПРЕГОР”.  Нашата цел како друштво ќе биде, интеграција во институциите на системот во Албанија и зачувување на нашиот македонски идентитет, култура, традиција, јазик, фолклор и обичаи во Поградец. “– изјави Петре Шкмби (Спировски) за весник Македониум.

Во Подградец постои и огранок на друштво “Преспа”, и од друштво “Прегор” изјавуваат дека  за подобра интеграција на Македонците во Поградец во албанското општество ќе соработуваат со огранокот на друштво “Преспа”.

Во Поградец има значителна концетрација на Македонци, дел староседелци, дел од Охридско и Струшко, дел од областите на Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, од с.Врбник, Деволската областа, како и од повеќе села од околијата на Поградец, како Лин, Тушемиште идр. (Македониум)