ДА ЈА ИСЧИСТИМЕ ПРЕСПА ВО ЕДЕН ДЕН

На иницијативата за чистење на Албанија, како дел од проектот кој се спроведува во над 100 земји, се приклучи и општина Пустец.

Во Преспа, под слоганот "Да ја исчистиме Преспа во еден ден", администрација на општина Пустец, заедно со учениците од гимназијата "Митре Колевски и Трајан Ѓорѓиовски" во Пустец, деветолетното училиште "Отпорот на Горичени" и администрацијата на Националниот парк Преспа, превзедоа  акцијата за чистење на Преспа во еден ден.

Со ова сензибилизирачка акција, во еден ден се исчистија местата определени од страна на општина Пустец, како и местата определени за собирање на отпадот. (Македониум)