“Фикс-Фаре”, репортажа за сиромашните Македонци во Голо Брдо (Видео)

Неодамна, истражувачката емисија Фикс-Фаре на албанската телевизија Топ-Чанел емитуваше репортажа за селата Ѓиновец и Клење, населени со Македонци, во Општина Требиште, Голо Брдо.

Жителите во селото Ѓиновец 13 години живеат без струја поради два километри кабел и 20 бандери. Жителите исто така се жалат дека поради лошите улсови за живеење и поради тоа, во изминатите години принудени беа да се иселат за Тирана, Драч и Елбасан. Во селото нема доктор, амбуланта, училишта. – пренесува телевизијата.

Жителите за емисијата “Фикс-Фаре” изјавија дека порано во времето на Енвер Хоџа се живеело подобро, бидејки имаше струја, доктори, амбуланта, градинка и училиште.

Во репортажата жителите на селото Клење за новинарите на “Фикс Фаре” изјавија дека немаат никаква помош од страна на државата, купуваат на вересија, нема докор, за лекови мора да одат да купуваат во градот Либражд, додека зимата се случува и по цел месец да се изолирани од снегот.

Голо Брдо е најсиромашната област во Албанија која се наоѓа на граница со Македонија и каде нема асвалтирани патишта, водоводи, канализаци, амбуланти, училишта. До пред дваесет години во областа живееjа над 35.000 Македонци, додека поради лошите услови за живеење поголемиот дел се иселуваат во внатрешноста на Албанија, како во Тирана, Драч, Каваја, Елбасан и сега останати се околу 12.000 Македонци. (Македониум)

(За повеќе погледнете го видео-записот со македонски превод)