МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ ОД ГОРА И ГОЛО БРДО УЧЕСТВУВААТ НА ИЗЛОЖБА НА УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВО КУКС

Во Кукс, Албанија, од 23 ноември 2013 година се одржува изложба на уметнички дела на уметници од Кукската околијата во организација на Арт Кафе Валдрин.

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

Елќерадо Докле со потекло во Гора за весник Македониум изјави дека на ова изложба учествуваат и уметници од Гора и Голо Брдо кој живеат во Кукс.

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

“Изложбата ќе трае две недели и тука учествуваат и шестмина наши уметници од кој пет се од Гора и тоа Назиф Докле, Рамазан Мемиши, Хајдар Дањоли, Шахин Мемиши и Амир Дањоли како и еден од Голо Брд и тоа Дилбер Мата.” – изјави Елќерадо Докле за весник Македониум.

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

Резбарско дело на уметникот Назиф Докле

Македонските уметници на ова изложба се преставуваат со разни уметнички дела со мотиви од Гора и Голо Брдо.

Изложба на уметнички дела ќе трае две недели и на неа учествуваат вкупно 17 уметници од Кукската околија. (Македониум)