Во Тирана се промовира препечатеното издание на Македонско - aлбанскиот речник на Никола Беровски

Во Националниот Историски Музеј во Тирана, синоќа, по повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија се одржа промоција на  препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од авторот Фоте Никола.

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана

На промоцијата, покрај Македонците што живеат во Тирана и преставниците на Македонците во Албанија, учествуваа и амбасадорите на Република Македонија и Црна Гора во Тирана, Стојан Карајанов и Ферхат Диноша.

На промоцијата поздравија амбасадорот на Република Македонција во Тирана, Стојан Карајанов, Илинден Спасе, синот на познатиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, Драгица Беровска ќерката на Никола Беровска како и Аријана Шутку секретар на фондацијата “Никола Беровски”.

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, авторот на препечатеното издание на речникот Македонско-албански на Никола Беровски како што пренесува весник Македониум, истакна дека делото на Беровски вечно ќе трае и ќе се користи неговиот Македонско- албански речник со над 10 илјади зборови.

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана


“Деновиве е испечатено второто издание после 30 години од првото издание кое е објавено во тешки услови од времето на минатиот режим. Многубројните учебници што Никола ги преводи или ги состави за основното училиште во Мала Преспа веќе се реновирани и деполитизирани, програмите веќе се променети, ќе се вршат други посовремени преводи на македонски јазик на делата на Стерјо Спасе, Дритеро Аголи, Исмаил Кадаре и др. Само Македонско-албанскиот речник ќе трае долго време не само во рацете на македонското малцинство но и на сите граѓани во Република Албанија.”- истакна Никола.

Тој, исто така, се осврна и на просветителското дело на Беровски во Албанија и тешкотиите во тоа време за да обезбеди училишна литература на македонски јазик.

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана

Од промоцијата на речникот на Никола Беровски во Тирана

“Никола Беровски, Борис Малевски и други ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски.”- истакна Фоте Никола.
Овој речник е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.

За ислкучителниот придонес за образовно воспитната дејност и за неговата макотрпна работа во заштита и ширење на македонскиот јазик, култура и писменост, Владата на Република Македонија во 1991 година на Никола Беровски му го додели високото признание – наградата “Климент Охридски”.

Никола Беровски со македонските ученици во Мала Преспа

Никола Беровски со македонските ученици во Мала Преспа

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија.

Во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Никола Беровски, промоција на овој речник ќе се одржи во Корча и во Пустец, Мала Преспа.  (Македониум)