Во Тирана ќе се промовира препечатеното издание на Македонско – Албанскиот речник на Никола Беровски

По повод 90 годишнината од раѓањето на Никола Беровски, истакнат учител, учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија, во Националниот Историски Музеј во Тирана, на 21 ноември, со почеток во 17.30 часот ќе се одржи промоција на  препечатенoто издание на речникот на Никола Беровски, Македонско-Албански речник од авторот Фоте Никола.

Никола Беровски

Никола Беровски

Фоте Никола авторот кој го препечатува речникот на Беровски за весник Македониум изјави дека овој речник содржи на 10 илјади зборови.

“Речникот е испечатен во 500 примероци, кој ќе се подарат на Македонците во Албанија и е подржан од министерството за надворешни работи на Република Македонија.’’ – изјави Фоте Никола за весник Македониум.

За препечатување на овој речник Фоте Никола, претходно аплицираше во министерството за култура на Република Албанија, но од таму доби одговор дека министрството нема средства за препечатување на овој речник.

Никола Беровски со македонските ученици во Мала Преспа

Никола Беровски со македонските ученици во Мала Преспа

Никола Беровски (Битола, 1923 – Тирана, 1993) е македонски просветител кој  во 1945 година доаѓа во Мала Преспа како македонски учител и целиот работен век го минува меѓу Македонците во Албанија. Беровски долги години работел како учител во селата на Мала Преспа. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет во Албанија. (Македониум)