Начо – Карајанов: Размена на искуства помеѓу двете земји во областа на правосудството

Министерот за правда Насип Начо, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија Стојан Карајанов. Амбасадорот Карајанов му честиташе на министерот Начо за новата задача, истакнувајќи дека многу добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во иднина.

Во оваа прва средба, министерот Начо ги претстави приоритетите и целите на Министерството за правда и превземените реформи во правосудниот систем и размена на искуства во областа на правосудството меѓу двете земји.

Амбасадорот Карајанов го истакна македонското искуство во реформите во правосудството, истакнувајќи го фактот дека тие се преземаат во рамките на земја кандидат за ЕУ.

Министерот Начо и амбасадорот Карајанов, исто така, зборуваа за продлабочување на размените во областа на правна експертиза, со посебен фокус на процесот на европска интеграција

Двајцата соговорници го изразија ставот дека добивањето на кандидатски статус, оваа година, е достапен за Албанија, но, исто така, ја истакнаа важноста да се продолжи со реформите, особено во однос на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. (Македониум)