Меѓународна конференција за заштита на екосистемите на Охридското и Преспанските Езера

Македонската и Албанската академија на науките и уметностите, од 27-29 октомври 2013 година во Струга и во Поградец (под покровителство на премиерите на двете земји), организираа Меѓународната научна конференција “Екосистемите на Охридското-Преспанските Езера: Сегашната ситуација, проблеми и перспективи.

 Оваа конференција имаше за цел анализа и синтеза на проблемите презентирани до денес од реализацијата на разни проекти, ориентацијата на нови студии според приоритетите утврдени од ова конференцијата и во целосна соработка меѓу двете земји, како и  сенсибилизирање на научната заедница и креаторите на политиките околу проблемите на овој регион.
На конференцијата учествуваа министрите за животна средина на двете земји, личности од науката од Македонија и Албанија, како и истражувачи од балканскиот регион и од други земји, кои се вклучени во научно-истражувачки проекти во Охридкско-Преспанскиот регион.

Конференцијата, нуачно и финасиски беше подржана од “Проектот Преспа” на германската банка за развој КФВ.

На крајот на Конференцијата се потпиша заедничка Декларација за приоритетите и соработката за заштита на целиот регион.

Ариан Мероли, прв човек на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро од албанска страна за весник Македониум изјава дека Декларацијата беше подготвен од страна на Академиите и Билатералниот секретаријатот, како постојана обврска на двете држави со кој се гарантира заштита на целиот екосистем и одржливиот развој на езерата.

Конференцијата даде нов импулс за натамошни истражувања, но уште повеќе за реализација на стратегиските определби не само на заштитата на езерата, туку и во однос на развивањето на целиот простор како европски регион. Двете влади сега го чекаат резултатот од номинацијата на регионот Охрид – Преспа како биодиверзитет заштитен од УНЕСКО. (Македониум)