Никола – Карајанов: Ефективна соработка меѓу Албанија и Македонија во областа на образованието

Министерката за образование и спорт, г-ѓа Линдита Никола во Тирана, оствари средба со амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојан Карајанов.

Министерката Никола изрази благодарност на амбасадор Карајанов за ефективната соработка со Македонија во областа на образованието и изрази надеж, да овие односи на соработката продолжат и се консолидираат понатаму, преку обезбедување на квоти за студенти, размена на предавачи за настава во високообразовните институции, соработка и учество на взаемните институции во проекти од регионалните и меѓународните програми за развој на високото образование и науката.

Амбасадорот Карајанов, од негова страна, честитајќии на министерката Никола за превземената должност, зборуваше за можноста за организирање, во иднина, на тркалезни маси меѓу двете земји, каде би се разговарало за прашања важни за зајакнување на меѓусебната соработка во сите области, особено во областа на образованието. (Македониум)