Македонска алијанса го поздрави извештајот на Европската комисија за Албанија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го поздравува извештајот на Европската комисија за земјата и препораката за доделување на кандидатски статус за членка на ЕУ, но потсетува дека како една од приоритетните области во Извештајот е подобрувањата на малцинските права .

„Една од приоритетните области што извештајот на Европската комисија ја идентификува и каде треба да се работи на патот кон членството во ЕУ е подобрувањето на малцинските права, каде според извештајот треба да се преземат низа мерки за да се гарантира почитување на правата на малцинствата, како што се: Усвојувањето на широка законска рамка за малцинствата, земјаќи ги предвид препораките на Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, подобрувањето на мандатот на Државниот комитет за малцинствата, податоците собрани со пописот на населението и домаќинствата не треба да претставуваат ексклузивен извор на информации за развој на политиките и законските рамки за малцинствата, усвојувањето на Европската повелба за регионални и малцински јазици, итн”, се вели во декларацијата со којашто во четвртокот во Корча партијата Македонска алијанса за европска интеграција преку генералниот секретар, Васил Стерјовски, го искажа ставот околу извештајот на Европската комисија и препораката за добивање на кандидатски статус на Албанија

За добивањето на кандидатскиот статус во декември од страна на Советот на Европа потребна е соработка и вклученост на албанската политика и на сите засегнати страни и други креатори на политики, посочи меѓу другото Стерјовски.

„Партија Македонска алијанса за европска интеграција, како единствена партија која ги брани интересите на македонската заедница во Албанија, ќе го даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата во нашата земја на патот кон Европска унија”, посочи генералниот секретар на МАЕИ.

Ги повика, исто така, албанската влада, парламентот и албанската политичка елита да создадат реалност, политики во полза на националните малцинствата, со што ќе се овозможи целосна имплементација на препораките на Европската унија за подобрување на правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Албанија. (Македониум)