По повод 141 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, а во организација на граѓанската иницијатива за национално, културно и духовно обединување на македонскиот народ НЕ-ИМА од Прилеп, на 2 и 3 февруари 2013 година во Домот на културата Марко Цепенко и во Центарот Дион во Прилеп се одржа деветтиот семакедонски собир со тематска расправа “Улогата на политиката, научните институции и самостојните истржувачи во меѓусебното разбирање на народите на Балканот“.
Во расправата учествуваа повеќе претставници на научни установи од Македонија и Македонци од Македонија и од соседните земји на Репоубликата.
Во рамките на Семакедонскиот собир се одржа Свечена академија во големата сала на Домот на културата “Марко Цепенко“. Со коментари за положбата и правата на Македонците се обратија претставници на македонските заедници од Албанија, Грција, Бугарија, Хрватска, Косово, Србија како и од Светскиот Македонски Конгрес.
Со културна програма настапи играорната група “Мирче Ацев“ од Прилеп. (Македониум)