Лошото време кое од синоќа ја зафати Албанија направи некои села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот на патот Кукс-Шиштавец.
Претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокираа патот не дозволувајќи движење на возила од безбедносни причини.
Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои го еродирале телото на мостот. Веќе е започната проценка на состојбите и експертите ќе работат на вонредно решение до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушеве со Косово за да дојдат до Кукс.
Во меѓувреме, на целиот пат Кукс-Шиштавец има присуство на камења на патеката поради дожд.
©Македониум