ЧЕСТИТКА НА МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА ПО ПОВОД НОВАТА 2022 ГОДИНА

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) упати честитка по повод Новата 2022 година.

Во честитката стои:

Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) Ви ја честита Новата 2022 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба!

И во 2022 година, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) ќе биде гласот на Македонците во Албанија, ќе продолжи со својата мисија за заштита на правата на Македонците и за подобрување на условите за живот и работа на оваа заедница и ќе бидеме суштински фактор во етничкиот соживот за развиена и европска Албанија.

Среќна Нова 2022 година!

© Македониум