Професори и студенти од Универзитетот во Хелсинки од школата по балканистика на 8-јуни 2015 година, изворно од претставниците на Македонците во Албанија биле запознати за нивната положба и проблемите со кои се соочуваат.
„Тема на разговор беа двојазичноста и положбата на малцинствата во Република Албанија. Од наша страна ги запознавме професорите и младите балканисти со статусот и со тешкотиите во остварувањето на нашиот национален идентитет, како и со ограничувањата во реалниот живот на локално ниво“, изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Како што соопшти Стерјовски, на средбата одржана во Корча присуствувале претставници и на другите малцинства кои живеат во подрачјето на Корча . (Македониум)