По повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, во Корча, Албанија, на 25 декември 2014 година, Корчанската митрополија, организираше традиционален прием.
Покрај бројните гости, пратеници, преставници на разни институции и политички партии од Корча, на ова церемонија учествуваше и генералниот секретар на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски кој на корчанскиот митрополит г.Јован му го честита празникот и му посака добро здравје, радост и среќа.
Корчанската митрополија, во областите каде што живее македонската заедница во Корчанскиот регион, дозволува богослужба и други верски обреди на македонски јазик. (Македониум)