Македонско друштво “Илинден“, во соработка со издавачката куќа „МЕНОРА“ од Скопје, во Тирана, во кафаната на Незир Мече, организираше промоција на книгата “Македонците во Албанија” (1912-1991) од проф. д-р Катерина Тодороска, виш научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје.
Нејзина специјалност се македонско–албански односи и е единствената во Одделот за преродбеничкото и национално-ослободително движење во Македонија од 19 век до 1912 година. Докторирала конкретно за македонско-албанските врски, од 1903 до 1913 година. (Македониум)