Албанската влада го најави проектот “Урбана Преродба” преку кој ќе се подржат проекти на целата територија на Албанија од север до југ, опфаќајќи повеќе градови како и туристички места.
Целта на овоj проект е развивање на центрите на окрузите, но и развивање на туристичките области. Од буџетото на Албанија предвидени се 100 милиони долари за подршка на овој проект.
Општина Пустец, иако е прогласена за туристичко подрачје, каде се наоѓа Преспанското езеро и Националниот Парк Преспа, нема да добие ниту еден проект, иако за подобрување на условите за живот и развој на туризмот во општина Пустец потребни се изградба на водоводи и канализации во повеќето села во општина Пустец, асфалтирање на локални патишта како и уредување на плажи на брегот на Преспанското езеро. (Македониум)