Македонците од општините Шиштавец и Стеблево апелираат до владата да се најде решение за пласман на компирот

 

Во септември и октомври во општина Шиштавец, областа Гора и општина Стеблево, областа Голо Брдо, области населени со македонско население, време е за собирање на компирот. Ова година производството е добро, но она што ги плаши Македонците во овие области е колку ќе можат да продадат, затоа што маката можи да им оди залудно.

Берба на компири во Стеблево

Берба на компири во Стеблево


Во општините Шиштавец и Стеблево, поголемиот дел од земјата се сади со компир и главните приходи на жителите се од продажбата на компирот, иако пазарот е ограничен.

Во општина Шиштавец секоја година се садат 250 хектари компири, каде се произведува околу 6.000 тони компир годишно.

Состојбата на жителите е доста тешка, од причина што целата економска основа е поврзана со компирот. Од државата се нема никаква помош за субвенција на компирот или обезбедување на пласман на компирот. Жителите во општина Шиштавец и општина Стеблево можеа да живеат подобро, ако имаа сигурен пласман на компирот, кој секоја година скапува на парцелите. Тука зимата продолжува за шест месеци и жителите се целосно блокирани.

Проблем преставува компирот увозен од Косово, кој не е квалитетен како компирот од Шиштавец и Стеблево и кој на пазарот се продава поефтино, а и лошата инфраструктура, во Голо Брдо и Гора каде што нема асфалтирани патишта, патиштата се целите со дупки, и ова влијае да трговците не доаѓаат тука да купуваат.Често на пазар компирот од Косово трговците го преставуваат како компир од Шиштавец.

Берба на компири во Шиштавец

Берба на компири во Шиштавец


Македонците од Шиштавец за весник Македониум изјавија дека пласманот на компирот и ова година не им е сигурен, и дека ако го имаа сигурен пласман можеа и да ги зголемат површините засадени со комипир.

“Многу години ни останува компирот непродаден. Го земаат од Косово. Но и патот е многу лош, целиот дупки и не ни доаѓаат тука трговците”.- изјави Елмаз Бала за весник Македониум.

Македонците од Шиштавец и Стеблево апелираат до државата да обезбеди пласаман на компирот, или да се превземат мерки и да се забрани увозот на компир од Косово, бидејќи ова е единствениот приход за опстанок на Македонците во овие општини. (Македониум)