Турнеја на документарниот чешки филм “Албанија – Озлогласна убавина” во кој е прикажана и Мала Преспа

Амбасадата на Република Чешка во Тирана организира во неколку градови на Албанија, турнеја на документарниот чешки филм, со проекција на документарниот филм “Албанија – Озлогласна убавина” од Мирослав Наплава и Петр Хорки.


Овој документарен филм е снимен за време на осум експедиции што авторите ги превзедоа во Албанија за време на 2006-2011 година. Целта на овој филм е презентација на Албанија пред чешката публика, но исто така, да се разбијат многу митови и клишеа за Албанија. Во прилог на документарецот, авторите во Чешка објавија во 2012 година и книга со истиот наслов.
Исто така, во овој документарец вклучена е и Мала Преспа и општина Пустец, каде што главен лик е попот Алексо од Пустец.
Мирослав Наплава еден од авторите на документарецот за весник Македониум изјави дека пред првата посета на Албанија одлучиле да направат анкета меѓу пријателите: Што ви доаѓа на ум кога ќе слушнете “Албанија”? Одговорите генерално беа исти: суровата природа на жителите, заостанато село, мафија , средновековен законик “канун ” и “крвна одмазда”, тиранот на Тирана, Енвер Хоџа, бетонски бункери и украдени мерцедеси. На кратко, мала озлогласна земја, многу озлогласна.
“Албанија се уште е земја со патријархални традиции и ритуали. Но во текот на последните дваесет години, по излегувањето од параноичната изолација со остатокот од светот, се менува секаде каде и да погледнеш. Зошто тогаш луѓето секогаш се плашат во оваа земја? Како стои вистина и дали имаме предрасуди? Во оваа неверојатна место, сигурно дека има полно навики и обичаи, кои не успеваме да ги разбереме, да ги процесираме или прифатиме. Но секоја мистерија што ја откривме, секоја ненадејност од природата, луѓето или историјата, вредеше да се живее .”- изјави Мирослав Наплава за весникот Македониум.

Сцена од чешкиот документарен филм со отец Алексо од Пустец

Сцена од чешкиот документарен филм со отец Алексо од Пустец

Исто така, г-дин Наплава рече дека е импресиониран од областа на Мала Преспа и гостопримството на Македонците во Општина Пустец и се заблагодари на отец Алексо, кој беше главниот протагонист во филмот за подрачјето на Мала Преспа.
“Албанија е, по наше мислење, најубавиот и најдивиот дел на Европа. Затоа дојдовме тука осум пати во последните шест години, наоѓајки секогаш нешто што нè изненадуваше. За речиси половина година, ние собравме податоци тука  и шест години истражувавме во архивите во нашата земјата. И цело време се воодушевувавме од изненадувањата. “- изјави Мирослав Наплава за весникот Македониум.
Г-дин Наплава и г-дин Хорки се автори на десетици документарни филмови и книги за патувања. Тие се познати чешки патеписци што ја продолжуваат традицијата започната од страна на светски познатите чешки патеписци, Мирослав Зикмунд и Јири Ханзелка, кој направија две експедиции низ светот во втората половина на 20 век кој трае 3-5 години и пишува извештаи за патувања што тие го направија. Вториот патување околу светот направен од г-дин Зикмунд и г-дин Ханзелка започна со Албанија.

Амбасадорот Бронислава Томашова и Васил Стерјовски на проекција на чешкиот документарен филм во Корча

Амбасадорот Бронислава Томашова и Васил Стерјовски на проекција на чешкиот документарен филм во Корча

На проекцијата на чешкиот документарен филм во Корча освен авторите присуствуваше и г-ѓа Бронислава Томашова, амбасадорка на Република Чешка во Албанија, додека во публика имаше и Македонци од Корча. (Македониум)