Светската организација не смее да седи со скрстени раце.Обединетите Нации не смеат да не го гледаат прекршувањето на фундаментално човеково право за самоименување и треба да покажат одговорност за решавање на предизвиците во регионот и да и овозможат на Македонија да се одглават од оваа ситуација.
20-годишнината од членството во ОН Република Македонија ја дочека со сè уште нерешено прашање во однос на употребата на името на мојата земја и прашањето околу идентитетот на мојот народ – македонскиот идентитет. Овие прашања се појавија поради спор што го отвори нашиот јужен сосед, Грција, кој се противи на нашето именување, кое е наше суштинско индивидуално и колективно право.
Ова во својот говор пред 68-то Генерално собрание на ОН во Њујорк го кажа премиерот на Република Македонија Никола Груевски.
„Република Македонија, согласно со меѓународното право, има право да се самоименува и да го именува својот идентитет како македонски. Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван. Ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање и искрено посакуваме решение што ќе биде одржливо, балансирано и најбитно, заемно прифатливо, тогаш некоја друга генерација, во поинакви околности, ќе може да го реши, ама токму врз база на вредностите, позициите и принципите што претходно ги наведов, а кои говорат за праведно и правично решение, без победници и поразени. Но лично сметам дека ние не смееме да им ги оставаме жешките теми на идните генерации, туку мора да се обидуваме да најдеме решение и да собереме сили да обезбедиме просперитет за државите и за регионот“, рече Груевски.
Тој се согласи дека решавањето на разликите со јужниот сосед е македонски приоритет, но тоа мора да се реши само во рамките на границите на резолуциите на ОН што го дефинираат решението кое е предмет на разговори и заемно прифатливото решение, и никако на друг начин, а особено никако со проширување на тие граници.
„Шеесет и шест години по Универзалната декларација за човековите права, со овој спор, кој ни е неправедно наметнат од Грција, се повредува и едно од фундаменталните права на поединецот, правото на самоименување. На секој припадник на мојот народ му е оспорено правото да се именува онака како што се чувствува, онака како што се именувале и чувствувале неговите мајка и татко, баба и дедо, и сите други предци во историјата – како Македонец. Грција покрај тоа што го оспорува уставното име на мојата земја Република Македонија, го оспорува и идентитетот на моите граѓани, односно не дозволува тие да се нарекуваат Македонци, а јазикот кој го говорат да се нарекува македонски, иако уште од пред повеќе од половина век по универзитетите на светот има катедри на кои се изучува македонскиот јазик и тој се именува како македонски јазик. Тоа е како некој да ви оспорува дека говорите француски, германски, полски, англиски, холандски, португалски, јапонски, индиски и други јазици“, рече Никола Груевски. (Македониум)
Si qytetar i thjeshte cuditem se si Europa ne “betejen ” e emrit e ka lene Maqedonine vetem.Nderkohe, besoj qe edhe Europa e ka bindjen e plote, mbeshtetur edhe ne dokumentat, qe ky insistim i Greqise lidhet me Maqedonine e Egjeut, e cila kaloj ne administrimin e Greqise mbas luftes se dyte ballkanike.
Emri i lashte dhe me histori; “Makedonija” eshte krenarija e kombit dhe do na mallkojne brezat e ardheshem neqoftese e nderojme.Historia do vertitet dhe realiteti do konfirmohet se Vardar,Egje dhe Pirin kane banuar maqedonas me kulture dhe histori te lashte dhe ne ku do qe shkojme ne bote kur prezantohemi me kete emer te bukur na respektojne dhe nderojne.