Во последните години сè поизразени се обидите на Бугарија да го прошири своето политичко, културно и идентитетско влијание врз Македонците во Албанија. Овие активности се спроведуваат преку интензивна пропаганда, промовирање на бугарскиот историски наратив, како и преку различни форми на поттикнување и привилегии со цел дел од македонското население да се идентификува како бугарско.
Во рамките на оваа стратегија, се пласираат историски толкувања според кои Македонците наводно биле или се „Бугари“, при што селективно се користат или се искривуваат историските факти во обид да се создаде привид за историска оправданост на ваквите тврдења.
Текстот што следува има за цел, врз основа на историски извори и аргументи, да ги разобличи овие конструкции и да понуди фактички и научно засновани контрааргументи. Воедно, неговата цел е да придонесе кон зачувувањето на историската вистина и македонскиот национален идентитет во Албанија, како и да им обезбеди на читателите аргументи за критичко согледување на пропагандните наративи што се присутни во јавниот простор.
Но, да почнеме по ред. Бугарската историографија тврди дека Македонците бил „етнички Бугари“ (иако имало период и кога официјалната бугарска историографија ги третирала Македонците како посебен народ) само затоа што извесен број Македонци во минатото поради неинформираност или поради други причини, себеси се декларирале како „Бугари“. Тоа ЕДИНСТВЕНИОТ „историски аргумент“ во прилог на нивната пропаганда и историографија за темата за која пишуваме.
Но, вистината е сосема поинаква, а како поткрепа на ваквото тврдење ќе укажеме на следниве непобитни факти:
Како прво ќе го ставиме под знак прашалник тврдењето дека националното декларирање на поединци низ историјата и навистина го определува нивното етничко, т.е. национално потекло. Себедекларирањето е важен сегмент, но тоа не може секогаш да биде доказ за нечие етничко потекло, посебно не во минатото, а така понекогаш е дури и денес. Во различни пригоди и историско-општествени услови, но и поради други причини, човек може различно себеси национално да се декларира. Вакви примери има безброј како во историјата, така и денес.
На последниот попис на население во Хрватска (одржан во времето на Југославија) неколкумина Хрвати, во шега или заради искажување на одредено незадоволство, инсистирале да бидат запишани како Бушмани (припадници на африканско племе од Јужна Африка)! Се разбира дека желбата им била исполнета со што им биле задоволени човековите права национално да се декларираат онака како што ќе посакаат. Но зарем тоа значи дека тие преку таквото декларирање автоматски си го смениле и своето етничко потекло, т. е. дека овие Хрвати преку ноќ и навистина се престориле во етнички Бушмани?
Овде ќе ги спомнеме и некои од македонските преродбеници од XIX век (Прличев, Миладиновци и други). Некои од нив, поради неинформираност, отпрвин 6 себеси се декларирале како Грци, а потоа како Бугари. Па зарем тоа значи дека тие прво биле етнички Грци, а потоа, преку ноќ се престориле во етнички Бугари?
Бројни вакви случаи има и во бугарската историја, но денешната бугарска историографија не сака многу да ги спомнува. Така, на пример, еден од првите бугарски преродбеници Васил Априлов (роден во 1789 година во Габрово) исто така себеси отпрвин се декларирал како Грк. Додека живеел во Русија тој, како етнички „Грк“ активно го помагал Грчкото востание од 1821 година и учествувал во испраќањето доброволци да се борат на страната на грчките востаници. Дури во 1831 година се запознал со делата на рускиот бугарофил Венелин, по што наеднаш почнал да се декларира како Бугарин. Па зарем тоа значи дека големиот бугарски преродбеник Априлов прво бил етнички Грк, а во 1831 година наеднаш станал етнички Бугарин? Практично испаѓа дека повеќе од половината на својот живот Априлов бил Грк, а само последните 15 години бил Бугарин.
Впрочем, дури и во XIX век голем број жители на Бугарија воопшто не знаеле каква е нивната етничка припадност и за ова постојат бројни докази. Така, на пример, англискиот патеписец Вилијам Макмајкл во 1818 година, откако посетил неколку градови на територијата на денешна Бугарија, сосема јасно запишал дека припадниците на тамошното население себеси се декларирале како „Срби“! Дека на територијата на Бугарија живеат Срби, тврдел и истакнатиот француски дипломат Бузбек, кој дури двапати престојувал во Бугарија. Како „Срби“ себеси се декларирале и истакнати жители на Бугарија. Еден од нив бил Јован Раиќ од Видин, кој не само што тврдел дека во Бугарија живеат Срби, туку и оставил значајни дела за српската историја.
Имало и бројни Бугари кои себеси се декларирале како Грци, а така биле третирани и од страна на странски патеписци. Патеписецот Адам Нил во 1805 запишал дека во Разград живеат само Грци, Евреи и Турци. Ни трага од Бугарите. Џон Галт кој во 1811 ја посетил Софија исто така запишал дека таму живеат Грци. За декларирањето на огромен број Бугари како Грци, пишувале и тогашните историчари Голубински од Русија, Друмев, Шишманов и други. Тие забележале дека прифаќањето на грчкото етничко потекло од страна на населението во Бугарија било масовна и доброволна појава.
Постојат и други називи за жителите на Бугарија низ историјата. Па доколку етничката припадност се определува врз основа на себедекларирањето, тогаш треба ли да се заклучи дека денешните жители на Бугарија порано биле етнички Срби и етнички Грци?
Како настанала бугарската нација?
Но, штом себедекларирањето на поединци е релативно и истото не може секогаш да го определи етничкото потекло на некој поединец или народ, кој е тој фактор што е пресуден во определувањето на етничкото потекло? Одговорот на ова прашање е едноставен. Тоа е етногенезата (настанокот на еден народ) која е апсолутниот и единствен параметар што го одредува етничкото потекло на една нација. Па да ја разгледаме етнонегезата на Бугарите и на Македонците и да видиме дали навистина се „ист народ“.
Според официјалната бугарска историографија (која денес се учи во нивните училишта) денешната бугарска нација главно е создадена од мешањето на Тракијците, Словените и Бугарите. Најстар познат народ што живеел на територијата на денешна Бугарија биле Тракијците. Во шести век на територијата на денешна Бугарија се доселиле Словени, кои биле седум племиња. По почетните непријателства постепено дошло до мешање помеѓу Тракијците и Словените. Во седми век на истата таа територија се појавиле и Бугарите. Според антрополошките особини тие биле монголско племе на чело со ханови и припаѓале на жолтата раса, додека нивниот јазик припаѓал во групата туркски јазици. Ова е неспорен факт признат од официјалната бугарска историографија затоа што за истиот постојат голем број докази.
Така, на пример, во „Именикот на бугарските ханови“ хуно-монголскиот водач Атила е опишан како прататко на Бугарите. Овде Атила е сметан за директен крвен предок на првиот познат бугарски хан Кубрат. За Атила и за неговите наследници Бугари овде пишува дека, во склад со азиската традиција, имале бричени глави. Инаку, „Именикот на бугарските ханови“ претставува извонредно вредно дело, кое било напишано во VIII век и тоа во времето на бугарскиот хан Аспарух, кој бил еден од синовите на хан Кубрат.

Официјална поштенска марка изадена од Бугарската пошта со ликовите на првите бугарски ханови Кубрат и неговиот син Аспарух. Јасно се гледа дека тие биле Монголи – припадници на жолтата раса. Ова ли се предците на Македоцните во Албанија?
За припадноста на Бугарите кон жолтата раса говорат и податоците од нивните гробни наоди. Во 1952 година, за време на археолошките ископувања близу Велики Преслав во североисточна Бугарија, то ест во областа каде претежно биле населени азиските Бугари, откриен е гробот на извесен Мостич, кој бил војсководител за време на бугарските цареви Симеон и неговиот син Петар. Врз oснова на неговиот череп, од страна на познатиот бугарски антрополог и член на Бугарската академија на науките Јордан Јорданов, реконструиран е ликот на овој бугарски војсководител (чија илустрација овде ја прикажуваме). Овде нападно се поставува прашањето: Ова ли е предокот на денешните Македонци?
Потенцираме дека Мостич најверојатно бил најголемиот бугарски војсководител на сите времиња поради фактот што тој служел во времето на цар Симеон (кој исто така бил турко-монголски Бугарин) во чие време Првото бугарско царство го доживеало своето најголемо територијално проширување. Во знак на почит кон Мостич денес во Бугарија постои село со неговото име. Се разбира дека постојат и други вакви докази врз основа на гробните наоди на Бугарите.

Ликот на еден од најголемите бугарски војсководители на сите времиња по име Мостич (IX век), реконструиран врз основа на неговиот череп од страна на познатиот бугарски антрополог и академик Јордан Јорданов. (Илустрацијата е преземена од книгата под наслов „Што сме ние: Бугари или Татари?“ од познатиот татарски историчар Халиков во која книга авторот убедливо докажува дека Бугарите и Татарите се ист народ.
Како доказ дека Бугарите припаѓале на жолтата раса, ќе ги спомнеме и денешните Татари кои живеат во руската Република Татарстан. Добар дел од денешните Татари себеси исто така се сметаат за етнички потомци на оние Бугари кои во VII век не заминале за Европа, туку си останале во Азија. Денес во Татарстан постои преродбеничко движење кое се вика „Бугарски национален конгрес“ (основано во јуни, 1990 година), чии членови инсистираат на тоа дека тие не се никакви Татари, туку дека се Бугари, то ест дека Бугарите и Татарите во Татарстан се ист народ. Делегација на Бугарскиот национален конгрес од Татарстан во август 2000 година направи официјална посета на Бугарија на покана од претседателот Петар Стојанов.
Со целата почит кон денешните Татари, кои се паметен и културен народ, овде повторно се наметнува прашањето ако ние Македонците (вклучително и Македонците од Албанија) наводно сме „ист народ“ со Бугарите, испаѓа дека сме ист народ и со Татарите, а тоа е бесмислено и да се помисли.

Предната корица на книгата под наслов „Што сме ние: Бугари или Татари?“ од познатиот татарски историчар Халиков, во која докажува дека Бугарите и татарите се ист народ. Па зарем Македонците од Албанија се ист народ со Татарите?
Веќе спомнавме дека денешната официјална бугарска историографија смета дека денешната бугарска нација настанала како мешавина на Тракијците, Словените и турко-монголските Бугари. Но, ваквите тврдења немаат логика. Како прво постојат податоци за големи масакри што Бугарите ги извршиле врз Словените и Тракијците на територијата на денешна Бугарија. Можеби најжесток бил масакрот што турко-монголскиот бугарски хан Крум го направил врз Тракијците во Сердика (денешна Софија) кога биле убиени неколку илјади мажи, жени и деца. Како второ, ако турко-монголските Бугари и навистина се измешале со Словените и со Тракијците низ територијата на цела Бугарија, денешните Бугари би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса, но знаеме дека тоа не е така. Впрочем, вистинските азиски Бугари (во денешнатаа бугарска историографија наречени како „Прабугари“) никогаш масовно не се населиле на територијата на цела денешна Бугарија, па тие не можат да бидат крвни предци на најголем дел од денешните Бугари.
Поради овие податоци, заклучокот е еден и единствен. Денешните жители на Бугарија (со исклучок на Македонците кои таму живеат) етнички во најголем процент се потомци на славниот антички народ Тракијци и на Словените населени во Бугарија, но и на други народи, со незначителен процент од крвта на турко-монголските Бугари и тоа главно во североисточна Бугарија. Притоа, како јазик на оваа етничка мешавина се наметнал словенскиот, а како имиња на топонимите во голема мера останале оние од традицијата на Тракијците. Во прилог на ова се и истражувањата на ДНК поврзани со денешните Бугари, а спроведени на швајцарскиот институтот за генетика „Игенеа“. Според овие податоци во крвта на секој денешен жител од Бугарија, просечно има неверојатни 49% крв и гени од славните Тракијци, што претставува најголем доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел не се никакви потомци на турко-монголските Бугари, туку дека се потомци на еден од најстарите народи во Европа – Тракијците, на кои во одреден историски период (главно под влијание на Русија) им бил наметнат туѓиот турко-монголски етноним „Бугари“ како нивно ново етничко име. Така денес во Бугарија имаме една трагикомична состојба – крвните потомци на Тракијците се гордеат со „бугарското“ етничко име, иако своевремено токму азијатските Бугари направиле вистински масакр врз нивните предци Тракијци.

Ликови на средновековни етнички Бугари реконструирани врз основа на нивните черепи од страна на бугарскиот антрополог академик Јордан Јорданов. Јасно се гледа дека припаѓале на жолтата раса и никогаш масовно не се населиле во Македонија за да бидат наши „предци“.
За хаосот во однос на сопственото етничко потекло на Бугарите постојат и други контроверзни сведоштва. Така, на пример, во триесеттите и четириесеттите години на ХХ век во Бугарија постоела екстремна масовна националистичка организација под името “Ратници за Напредок на Блгарштината” (РНБ) во која членувале стотици илјади Бугари и во чиј статут пишувало дека Бугарите не се никакви „Словени”, туку дека се директни потомци на Хуно-Татарите.
Од друга страна во книгата Историја на Блгарската Црква, објавена како официјално издание на Бугарската егзархија (и тоа прво во 1894 година, па потоа и во 1925 година во Софија – книга, која своевремено била третирана како официјална историја за Бугарската црква), авторот Станимир Станимиров воопшто нема високо мислење за турко-монголските Бугари. Тој, откако пишува за потчинувањето на Словените од страна на Бугарите, дури и потценувачки, со мирис на расизам, пишува за менталните квалитети на Бугарите. Овде читаме: Словените, како народ, умствено биле на далеку повисоко ниво од нивните победители – Бугарите.
Па штом е така се поставува прашањето: зошто денешните Бугари (кои себеси се сметаат за „Словени“) се декларираат со етничкото име на народ кој умствено бил позаостанат од нив (како што се тврди во книга официјално објавена од Бугарската егзархија)?
Практично официјалната бугарска историографија го менувала „етничкото потекло“ на Бугарите во склад со надворешно политичките услови. Кога Бугарија била сојузник на Хитлер, тогаш Бугарите по потекло биле „Хуно-Татари“, а кога била во сојуз со Русија, тогаш Бугарите станувале „Словени“.
Како настанала денешната македонска нација?
Од друга страна македонската нација имала сосема поинаков и многу појасен етнички процес на создавање, кој накратко кажано се состои од етничко мешање помеѓу славните антички Македонци и новодојдените Словени. Притоа од Словените останал јазикот, а од античките Македонци името на народот и најголем дел од етно-културното наследство.
Така, на пример, во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преданија со античко-македонска содржина регистрирани уште во 16, 18, 19 и 20 век. За некои од нив сведочеле и странски патеписци кои ја посетувале Македонија.
Во македонскиот фолклор постојат бројни македонски народни творби за некои од античко-македонските владетели. Постојат и одредени фолклорни елементи (посебно во приказните), кои несомнено влечат корени од времето на античка Македонија. Такви се: мотивот со лавот (кој и навистина живеел во времето на античка Македонија и затоа е толку застапен во македонските народни приказни, но и во хералдиката); царот со рог (приказна посветена на Александар Македонски); рисот; филозофот; мотивот со тројцата браќа (преземен од Херодотовата приказна за настанокот на македонската држава); култот кон водата; верувањето во гавранот кко кобна птица и во орелот како победоносна птица и други. За сето ова постојат несоборливи аргументи.
Постојат голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Македонците во 19 и 20 век. Така, на пример, Херодот пишува дека на веселбите во античка Македонија мажите седеле одделно од жените. Овој обичај кај нас е евидентиран и од запишувачите на македонски народни умотворби од 19 и 20 век, па дури е останат и до денес. Од античките Македонци ни останал и обичајот на кршење леб за време на свадбените обичаи, кој е спомнат од биографот на Александар Македонски, Квинтиј Куртиј Руф. Од античките Македонци се задржало и третирањето на машкиот појас од народната носија како симбол за машкост (кое го запишал Аристотел, а исто такво верување е регистрирано и во 19 век). И подарувањето прстен на наследникот (пред умирачка) е обичај регистриран кај античките Македонци , а така е и со стрижењето на косата за време на голема жалост. Дури и античко-македонскиот обичај за избор на крал (што се одвивал преку масовен собир на војската и избор со акламација) останал среде Македонците од 19 век како обичај за избор на селски старешнина. Античко-македонски елементи постојат и во прославите на празниците: Лазара, Ѓурѓовден, Руса Среда и Прочка. Античко-македонски елементи се регистрирани и во денешните македонски додолски обичаи, кои се вршат за повикување на дожд. Од античките Македонци останало и верувањето во магиската моќ на змијата; потоа неколку погребни обичаи и друго.

Александар Трети Велики Македонски – најпознатиот цар на Македонците, познат во целиот свет и застапен во многу македонски народни умотворби
Голем број Македонци од 19 и 20 век (наспроти жестокиот притисок од странските пропаганди) себеси се декларирале како директни потомци на славите антички Македонци.
Сепак најголемиот и апсолутно неприкосновен доказ за етничкото потекло на денешните Македонци го дава токму истражувањњето на нивната ДНК. Група шпански генетичари од Одделот за имунологија и молекуларна биологија, Х. 12 де Октубре, на Универзитетот Комплутенс, од Мадрид (Шпанија) во соработка со Установата за лабораториско испитување на ткивата и крвна трансфузија од Скопје спроведоа генетско истражување врз Македонци чии резултати ги споредија со истражувањата спроведени врз други медитерански народи.
Нивната студија “ХЛА гени кај Македонците и под-сахарското потекло на Грците” е објавена во угледното данско медицинско списание “Тију Антиџенс” во февруари 2001 година (книга 57, издание 2, страници 118-127). Резултатите од овие истражувања ги пренесоа и неколку македонски печатени медиуми. Како резултат на сите овие истражувања, добиени се следниве заклучоци:
– Македонците припаѓаат на постарата медитеранска основа, како Иберијанците (вклучувајќи ги и Баските), северно Африканците, Италијанците, Французите, Критјаните, Евреите, Либанците, Турците (Анатолијанци), Арменците и Иранците;
– Македонците не се сродни со географски блиските Грци, кои не припаѓаат на постарата медитеранска основа;
Во Студијата, врз основа на резултатите, истражувачите констатираат дека:
“Ова ја поткрепува теоријата дека Македонците се еден од најдревните народи кој постои на Балканот, изгледа долго пред доаѓањето на микенските Грци околу 2.000 години пред Христа”.
Навистина, пред аргументите и боговите молчат.
А сега да се вратиме на етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите. Овие разлики се повеќе од очигледни. Некои од нив се:
1. Античкиот народ Тракијци (кој според официјалната бугарска историографија е составен дел од денешната бугарска нација) отпаѓа од етногенезата на македонскиот народ бидејќи најголемиот дел од Тракијците живееле на територијата на денешна Бугарија.
2. Античките Македонци отпаѓаат од етногенезата на бугарскиот народ затоа што тие никогаш масовно не се населиле во тогашна Тракија со чиј народ често војувале.
3.Турко-монголските Бугари, како признати предци на денешната бугарска нација, целосно отпаѓаат од етногенезата на денешните Македонци. Турко-монголските Бугари, то ест вистинските Бугари, никогаш масовно не се населиле во Македонија што значи дека Македонците и да сакаат не можат да бидат Бугари затоа што немаат бугарска крв и гени во себе. Доколку турко-монголски Бугари (како припадници на жолтата раса) се измешале со Македонците, тогаш денешните Македонци би имале антрополошки карактеристики и на луѓе од жолтата раса. Но, тоа секако дека не е така. Од илустрациите со ликовите на вистинските етнички турко-монголски Бугари, јасно се гледа дека ниту еден денешен Македонец (според антрополошките карактеристики) не личи на нив (со сета почит кон нив и нивната култура).
4.Првите бугарски ханови, то ест најдлабоките официјално признати жили на етничкиот корен на денешната бугарска нација: Телец, Токту, Паган, Омуртаг, Винех, Умор,Телериг, Кубрат и другите како нив, никако не можат да бидат првите крвни предци на денешната македонска нација, затоа што добар дел од нив немале ни стапнато во Македонија, а некои од нив и жестоко војувале против македонското население. Првиот признат владетел на денешната бугарска нација ханот Кубрат, не само што никогаш во животот немал ни слушнато за Македонија, туку тој немал ни стапнато во Европа, бидејќи сиот свој живот (исто како и неговите монголски предци) си живеел во својата татковина Азија. Значи надвор од умот е да се тврди дека овој хан е етнички предок на денешните Македонци.
Доколку некој забележи дека и денешните Бугари се „словенски народ“, тогаш должен е да објасни како е можно тој „словенски народ“ за свои први крвни предци да признава луѓе кои припаѓале на жолтата раса? Ако го прашате кој било денешен Бугарин да ви ги наброи првите бугарски владетели, тој ќе ви ги посочи токму турко-монголските бугарски ханови: Кубрат, Аспарух, Омуртаг, Телец, Токту, Паган, Цок… и други, кои припаѓале на жолтата раса. Впрочем турко-монголскиот Бугарин Аспарух не случајно во Бугарија не така одамна беше прогласен за „најзначајниот Бугарин на сите времиња“. Притоа, овде веднаш се забележува една голема нелогичност. Имено, најголем дел од денешните Бугари припаѓаат на белата раса, а како свои крвни предци третираат луѓе кои припаѓале на жолтата раса! Ова помалку е и смешно. Тоа е исто како кога некои етнички Швеѓанец (припадници на белата раса) денес би прогласиле некој црнец од Африка за свој „етнички предок“ (со целата почит кон сите раси и народи во светот). Ова е уште еден доказ дека денешните жители на Бугарија во најголем дел се потомци на Тракијците и на Словените, а не на Бугарите од Азија, чие етничко име им било наметнато од Русите во одреден историски период.
5. Ниту едно од бугарските лични имиња: Кубер, Омуртаг, Токту, Паган, Цок, Телец, Батбајан, Котраг, Тервел, Кардам, Бутаил, Ермиар, Есхач, Имник, Иртихитун, Исбул, Ицвоклиј, Окорсис, Онегавон, Осхун, Сондоке, Сумсувул, Хунол, Чакарар, Чепа и слични на нив денес ги нема среде Македонците, додека бројни имиња што ги носеле античките Македонци ги носат и денешните Македонци.
6. Постојат повеќе средновековни извори, кои зборуваат за војна и за непријателство помеѓу Македонците и Бугарите како два одделни етникума, како и за континуирани грабежи во Македонија од страна на Бугарите.
Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на Македонија од страна на бугарскиот цар Симеон во 10 век, напишал:
Во месец септември бугарскиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија сѐ и ги исекоа овошките.
За пустошењата од страна на војските на бугарскиот цар Симеон во Македонија, византискиот историчар Лав Ѓакон во својата Историја запишал:
Во месец септември, втор индикт, Симеон Бугаринот повторно настапил со својата војска против Цариград. Притоа ги опљачкал Тракија и Македонија, каде сѐ опустошил и разурнал.
Македонците страдале од Бугарите и во времето на таканареченото Второ бугарско царство (12 и 13 век). За злоделата што бугарскиот цар Калојан ги правел врз македонскиот народ авторот Владислав Граматик напишал:
Тој Калојан при секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустосеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението.
Чија земја ограбувале бугарските средновековни владетели (припадници на жолтата раса)? Зарем тие си ги ограбувале сопствените „сонародници“ кога ја пустошеле Македонија во нивните варварски упади во нашата земја?
Повеќе детали за оваа тема можете да видите во документарната емисија „ЕТНОГЕНЕТСКИТЕ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ“ достапна на You Tube на https://www.youtube.com/watch?v=lSDOV0yfJTQ

Кратка биографија на авторот
Александар Донски
Александар ДОНСКИ е роден во Штип. Потекнува од уметничко семејство. Автор е на триесетина книги, десетици радио и ТВ документарни емисии и стотици написи од областа на македонската историја, фолклор, религија, патепис и литература за кои има добиено извесен број награди и признанија. Мал дел од неговите дела поврзани со историјата можете да видите на You Tube на неговиот Aleksandar Donski history channel.
https://www.youtube.com/@aleksandardonskihistorycha314
