По повод Денот на независноста на Македонија, на 8 септември 2013 година, во Драгаш се одржа петтиот Македонски турнир во фудбал со екипи од сите нaселени места во областа Гора, на Косово.
Оваа манифестација е од национален интерес за афирмација на Македонците со исламска религија и заштита на духовното и културното наследство, односно за културна афирмација на Македонската заедница на Косово.
На фудбалскиот турнир учествуваа седум екипи од горанските села Враништа, Брод, Лештане, Љубоиште, Драгаш, Глобочица во Косово и село Оргоста од областа Гора во Албанија.
Првото место го освои екипата од Љубоишта, второто место екипата од Враништа и третото место екипата од Глобочица.
Организатори на турнирот беше Македонската горанска заедница на Косово, во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија. (Македониум)
Cestitki za Makedoncite od tromegieto na Gora posebno za takvi sportski sredbi.
Pozdrav od Makedoncite vo Polska.
elate vo kratovo na turnir.