Незаборавен настап на македонската уметност во Тирана, 1972 година

Во далечната 1972 година, во главниот град на Народна Република Албанија – Тирана, блесна македонската пејачка Иванка Тодоровска со незаборавниот настап на песната „Девојче“.

Настапот беше дел од гостувањето на културно-уметничкото друштво „Лиман Каба“ од Дебар, кое со својата програма се претстави пред албанската публика.

Иванка Тодоровска, со својот глас, донесе дел од душата на македонската музика и остави траен впечаток кај присутните.

©Македониум