Колевски: Нека 2025 биде година на нови победи за Македонците насекаде

Претседателот на Задграничниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за Скопје, Јани Колевски, во пресрет на Новата 2025 година, на Македонците со потекло од Албанија кои живеат во Скопје, им посака среќна и успешна Нова 2025 година, исполнета со здравје, радост и просперитет.

– Вашата приврзаност кон корените и поддршката која ја давате за нашата заедничка борба за правата и идентитетот на Македонците во Албанија се силен поттик за сите нас да продолжиме со уште поголема енергија и посветеност.

Додава, нека Новата година ни донесе уште поголемо единство, храброст и успех во заедничките напори за зачувување на нашите вредности, традиции и култура. Вашиот придонес е од огромно значење за нашата заедничка мисија.

– Среќна Нова година и нека 2025 биде година на нови победи за Македонците насекаде, посакува, Јани Колевски.

©Македониум