Советник во Советот на Општина Подградец и во Советот на Округот Корча од МАЕИ и член на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција, Јован Шкемби, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Подградец им посака годината претстои им биде исполнета со здравје, радост, слога и љубов, и да им донесе исполнување на сите нивни желби.
– Како советник во Советот на Општина Подградец и во Советот на Округот Корча од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, и во 2025 година ќе останам посветен на застапувањето на интересите на Македонците и на сите граѓани на нашата општина, стои во честитката.
Затоа, посочува, верувам дека заедно можеме да постигнеме уште поголеми успеси и да создадеме подобри услови за живот за сите нас.
– Да бидеме единствени и сплотени, чекорејќи заедно кон нови победи! Среќна Нова година, посакува Јован Шкемби.
©Македониум