Џелили: Да го зачуваме и промовираме македонскиот дух и вредности во Елбасан и пошироко

Членот на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Елса Џелили, во честитка по повод Новата година, на Македонците во Елбасан со најсрдечни честитки им ја честита Новата 2025 година.

– Нека оваа година донесе здравје, среќа и успех во секој дом. Нека вашите срца бидат исполнети со љубов, спокој и сила да ги зачуваме и негуваме македонските традиции, јазик и култура, кои се темел на нашиот идентитет и гордост, стои во честитката.

Додава дека им посакува истрајност и заедништво во сите предизвици што ќе ги донесе новата година, и уште поголеми успеси во нашата заедничка мисија – да го зачуваме и промовираме македонскиот дух и вредности во Елбасан и пошироко.

– Среќна Нова година! Со почит и срце заедно со вас, посакува Елса Џелили.

©Македониум