Кординаторката на Форумот на жени на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и претставник на Македонците при Комитетот за националните малцинства на Албанија, Марјана Костофски, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците и Македонките во Албанија им ја честита Новата 2025 година со најискрени желби за здравје, мир и благосостојба во нивните домови.
– Како претставник на Македонците при Комитетот за националните малцинства на Албанија, останувам посветена на застапувањето на правата на Македонците во Албанија, актуализирајќи ги сите прашања што се од значење за македонската заедница, стои во честитката.
Додава дека Во 2025 година, Форумот на жени на Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи со својата борба за правата на Македонците во Албанија, бидејќи знаеме дека жената Македонка има клучна улога во зачувувањето и пренесувањето на македонскиот идентитет, традиции и култура.
– Драги Македонки, нека Новата година Ви донесе сила, храброст и успех во Вашата важна мисија. Да останеме сплотени и заедно да чекориме кон нови победи и остварувања за македонската заедница, посакува Марјана Фетаху.
©Македониум