Османи: Да ги чуваме македонскиот јазик, култура и традиции во Голо Брдо

Потпреседтаелот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за областа на Голо Брдо, Едмонд Османи, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Голо Брдо во духот на празничната радост и надеж, им упати најтопли новогодишни честитки.

– Нека Новата 2025 година биде година исполнета со здравје, хармонија и успех за Вас и Вашите семејства. Нека ни донесе нови можности за напредок и уште поголема сплотеност во нашата заедничка мисија за зачувување на македонскиот јазик, култура и традиции во Голо Брдо, стои во честитката.

Додава дека со заеднички напори и меѓусебна поддршка, верувам дека ќе продолжиме да ја јакнеме македонската заедница и да ги зачуваме вредностите кои нè поврзуваат и инспирираат.

– Среќна Нова година! Нека љубовта и мирот бидат водилка во Вашите животи, а радоста и успесите да ја исполнат секоја Ваша желба, посакува Едмонд Османи.

©Македониум