Денеска во просториите на Библиотеката „Тими Митко“ во Корча, се оддржа активноста „Уметничка лабораторија: Разбирање на наративно-книжевните техники“ во рамки на проектот „Надвор од границите: Зајакнување на младите преку читање и литература“.
Активноста, која се фокусираше на романот „И тогаш таа стана дрво“ од авторот Лоер Куме, започна со поздравни зборови од челниците на Здружението за литературен и културен активизам, кои ги истакнаа целите на проектот и важноста од ангажирање на младите луѓето во книжевните дискусии како начин за проширување на културниот светоглед. Јорида Толкучи, директорка на библиотеката „Тими Митко“, истакна дека младите преку читање и дискусии за литературата можат да развијат посилно чувство на солидарност и разбирање меѓу културите, гледајќи ја литературата не само како средство за образование, туку и како мост што ги зближува луѓето.
По воведните зборови, авторот Лоер Куме со учесниците го сподели своето творечко патување за романот „И тогаш таа стана дрво“. Наративот на Куме, кој ги истражува комплексноста на човековото постоење и односи, ја воведува протагонистката Марта преку циклична нарација која започнува со нејзиниот крај, создавајќи атмосфера на размислување и интроспекција. Авторот зборуваше за симболиката на корените и чинот на „кроење“, каде Марта го отстранува вишокот во потрага по суштината на своето постоење, процес кој ја води до подлабоко разбирање на љубовта и пожртвуваноста. Учесниците активно се вклучија со читање одбрани делови од романот кои ги донесоа студенти и млади луѓе и кои го зајакнаа моќното чувство на емотивниот и симболичкиот набој на текстот.
©Македониум