Во Тирана отворена самостојна изложба на скулпторот Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо

Македонците во Албанија, со повеќе активности ќе го одбележат 8 Септември – Денот на независноста.

Во тие рамки синоќа, во Parking Art Gallery во Тирана беше отворена изложбата “Постојан експеримент” на истакнатиот ликовен уметник Генци Кадриу, Македонец од Голо Брдо, кој живее и работи во градот Фиер.

Самостојна изложба на уметникот Кадриу е во организација на Марјана Костофски- Фелах, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот за малцинствата, а поддржана од македонската амбасадата во Тирана. На истата присуствуваше и амбасадорот Данчо Марковски.

Изложбата ги обработува естетските елементи на македонската народна носија, инспирирана од носиите на ансамблот „Танец“, праисториска антика, керамички предмети, како и минијатурни скулптури.

За делата на скулпторот зборуваше и Сеад Казанџиу, потпретседател на Комитетот.

Кадриу има завршено високо образование на Академијата за ликовни уметности во Тирана во 1990 година, а покрај другите, негово познато дело е „Македонија“ уметничко прикажување на главните личности од македонската историја, изработено врз основа на историски материјали, моделирани во глина.

©Македониум