Спиропали средба со македонскиот амбасадор: Соработката со Македонија, приоритет на надворешната и регионалната политика

Претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, денеска во албанското Собранието го прими амбасадорот на Република Македонија, Данчо Марковски.

Амбасадорот Марковски упати честитки за изборот на Спиропали за претседател на Собранието и ја изрази подготвеноста на македонската амбасада да придонесе во соработката на Собранието и институциите на Република Македонија со Албанија.

Претседателката Спиропали подвлече дека Албанија ја смета соработката со Македонија како приоритет на надворешната и регионалната политика и ја изрази подготвеноста на Собранието и институциите на Албанија за интензивирање на билатералната соработка.

„Собранието на Албанија ќе ја интензивира одличната соработка со Собранието на Република Македонија и парламентарната соработка ќе ги унапреди односите и сеопфатната соработка меѓу двете земји“, рече Спиропали.

„Албанија и Македонија како партнери во НАТО и во напорите и достигнувањата за членство во ЕУ ќе продолжат да соработуваат и да придонесуваат за развојот, стабилноста и мирот во регионот и пошироко“, нагласи претседателката Спиропали.

©Македониум