Во Албанија започна да се реализираат проектите што Македонска алијанса ги договори со Демократската партија

Реконструкција и асфалтирање на влезот во Пустец

Реконструкција и асфалтирање на влезот во Пустец


 

Единствената Македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција во договор со Демократската партија на Сали Бериша за заедничко коалицирање за парламентарните избори во Албанија, успеа да издејствува одобрување од Владата на Бериша на два проекти за Општина Пустец во вредност од 200.000 евра, и тоа асфалтирањето на патот на с.Горна Горица и реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здраствениот дом.

Реконструкција и асфалтирање на влезот во Пустец

Реконструкција и асфалтирање на влезот во Пустец


 

Овие проекти се тендерираа пред еден месец и фирмите победнички на овие проекти веќе започнаа со нивна реализација.

Tuka da se stavi slikata Gorna Gorica i pod slikata na makedonski da pishuva:

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица

Имено првиот проект кој предвидува реконструкција и асфалтирање на патот од влезот во Пустец кај Здраствениот дом веќе е при крај, додека другиот проект асфалтирањето на патот на с.Горна Горица е во тек, се работи на проширување на патот и се очекува многу бргу и негово асфалтирање.

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица


Пред потпишувањето на договорот за коалиција со Демократската партија, Македонска алијанса излобира кај Владата на Република Албанија отворање во мај 2013 година на граничниот премин Џепиште-Требише само за локалните жители од Голо Брдо и од Дебар, до изградбата на целосната инфраструктура за целосното отворање на овој граничен премин. Додека за граничните премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора, кој гранични премини  постоеја до сега само како пешачки премини, од мај 2013 година овие гранични премини да бидат функсионални и за возила.

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица

Асфалтирање на патот на с.Горна Горица


 

Овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.

Отворање на граничниот премин Џепиште-Требиште

Отворање на граничниот премин Џепиште-Требиште

 

Исто така, Македонска алијанса доби гаранции дека до септември сите предмети на македонски јазик кој со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени, додека за барањето на Македонците од Требиште, Голо Брдо од септември ќе се изучува македонскиот јазик од седмо оделение како што предвидува законот за образование на Република Албанија.

Отворање на граничниот премин Шиштавец-Крушево

Отворање на граничниот премин Шиштавец-Крушево

 

Од Македонска алијанса за весник Македониум изјавија дека Македонска алијанса е единствена гаранција за развој на подрачјата каде што живеат Македонците во Албанија и интегрирање во институциите на системот во Албанија, и затоа е потребно обединување на Македонците во Албанија и на престојните парламентарни избори да ја подржат и гласаат за Македонска алијанса за европска интеграција. (Македониум)