МАЕИ и партиите на малцинствата: Измените на Изборниот законик се сериозен удар за демократијата и еднаквоста во Албанија

Во име на партиите на македонската, влашката, египтјанската и ромската заедница во Албанија, особено партијата Македонска алијанса за европска интеграција, партијата Алијанса за еднаквост и европса правда и партијата за европеизација и интеграција на Албанија, сакаме да го изразиме нашето длабоко разочарување и огорченост на одлуката на парламентот да ги одобри измените на Изборниот законик без да се земат предвид правилните барања на малцинствата за загарантирани места во парламентот.

Оваа одлука која ја поддржа власта и дел од опозицијата е сериозен удар за демократијата и еднаквоста во нашата земја. Нашето барање за загарантирани места во парламентот не беше само разумно барање, туку и неопходност да се обезбеди правична и еднаква застапеност за сите заедници во Албанија.

Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти мониторинг извештај за Албанија објавено во 2023 година, силно препорача нашата земја да креира позитивни политики за застапеност на малцинствата со загарантирани места во парламентот. Игнорирањето на оваа препорака е јасен показател за недостигот на волја за следење на европските стандарди и подобрување на демократијата во земјата.

Сегашниот регионален пропорционален изборен систем е дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата. Географската распространетост на малцинствата низ целата територијата на Република Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во парламентот.

Малцинствата се богатство на една земја и исполнувањето на обврските кон нив е клучен критериум за членство на Албанија во Европската Унија. Застапеноста на малцинствата во парламентот ќе ја подобреше демократската застапеност и ќе ја покажеше посветеноста на нашата земја кон европските стандарди за заштита на малцинствата.

Решени сме да продолжиме да се бориме за нашите права и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани. Ќе продолжиме да бараме додека нашата земја не ги исполни европските стандарди и не гарантира застапеност на малцинствата во парламентот.

Партија Македонска алијанса за европска интеграција

Партија Алијанса за еднаквост и европска правда

Партија за европеизација и интеграција на Албанија