МАЕИ ПРИЕМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА

Во рамките на работна посета на Србија, делегација на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Васил Стерјовски оствари прием во Националниот совет на Македонците во Србија во канцеларијата во Панчево.

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонците во Србија Зорица Митровиќ.

Двете македонски делегации се информираа за положбата и правата на Македонците во Србија и Албанија и со предизвиците со кои се соочуваат, а се договорија за унапредување на меѓусебната соработка заради македонските интереси во двете земји.

Двете македонски делегации разговараа за можностите за соработка помеѓу Македонците во Албанија и Македонците во Србија.

Во име на Македонците од Албанија, претседателот Васил Стерјовски, заедно со претседателката на Националниот совет на Македонците во Србија, Зорица Митровиќ, положи свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште “Гоце Делчев” во Јабука.

-Од срце им благодарам на Македонците во Србија за топлиот пречек и гостопримство. Заедно сме посилни, – изјави Васил Стерјовски.

©Македониум