МАЕИ И ДПМ МАКЕДОНСКА СРЕДБА ВО СРБИЈА ЗА ДОГОВОР ЗА ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ

Во Панчево, Србија делегација на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Васил Стерјовски оствари средба и разговори со делегација на Демократската партија на Македонците во Србија предводена од претседателката Маја Георгиевска.

Делегациите разменија информации за положбата и правата и слободите на Македонците во Албанија и Србија.

Беше договорена соработка, координација и размена на искуства и информации во работата на двете партии во Албанија и Србија.

Истовремено беше договорен заеднички настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи.

Двете партии повикаа на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на Македонскиот народ и правата и слободите на Македонците во соседните земји на Република Македонија и на Македонците во светот.

Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка културна манифестација во Пустец во Албанија и во Панчево во Србија. На средбата присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Србија и потпретседател на Демократската партија на Македонците во Србија, Душан Јаневски кој ја иницираше средбата на двете партии и заедничкиот настап пред меѓународните организации за човекови права и слободи.

©Македониум