Приемот за полноправна членка на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во Европската слободна алијанса (ЕФА) е историски чекор за нашата партија, историски ден за македонското политичко движење и Македонците во Албанија, стои во соопштението на партијата.
Во исто време, се оценува понатаму, го означува прогресот и посветеноста на нашата партија кон европските вредности и интеграција и промовирање на овие вредности во Албанија и низ Европа.
-Оваа одлука е потврда на нашата непоколеблива посветеност кон демократијата, правата и слободите на македонската заедница во Албанија. Ние сме горди што ќе продолжиме да ја претставуваме македонската заедница на европско ниво, се наведува во соопштението.
На Генералното собрание на ЕФА кое се одржа денеска во Брисел, делегатите едногласно гласаа за приемот на МАЕИ, со што официјално стана полноправна членка на Европската слободна алијанса, која ги претставува малцинствата во Европскиот парламент.
©Македониум