Напорите на локалната власт на општина Пустец за привлекување што поголем број туристи, во овој еден од најубавите делови во околијата Корча, почнуваат да вродуваат со плод. До крајот на јули, како што најави градоначалникот Едмонд Темелко, во функција ќе биде ставен туристички брод на сончева енергија.
-Станува збор за проект подржан од ЕУ со кој од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега ме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули да пристигне бродот во нашата општина и веднаш ќе им биде ставен на услуга на туристите кои ќе доаѓаат во зоната на Преспа, да може да ги видат сите убавини на овој дел од Преспанското езеро, – вели Темелко. (Македониум)