По повод 152-та годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, во организација на Граѓанската иницијатива за национална, културна и европска интеграција на Македонскиот народ од Прилеп, во Битола се одржа Семакедонски собир со тематска расправа “Бледскиот договор и правата на Македонците во Бугарија“.
На Семакедонскиот собир присуствуваа претставници на Македонците од сите делови на Македонија, од соседните земји, кои реферираа за нивните положба и права.
На Семакедонскиот собир од Албанија, учествуваше делегација од партијата Македонска алијанса за европска интеграција.
Семакедонскиот собир на крајот од својата работа донесе Декларација за унапредување на положбата и правата на Македонците во соседните земји на Македонија.
©Македониум