Македонците во Албанија го прославија вториот ден на Водици со одење на Рефене

Водици во Мала Преспа се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, се фрла крстот, а вториот ден 20-ти јануари, се оди на Рефене.

Поголема група составена од повеќе семејства го сочинуваат Рефенето, односно кај кој е крстот кај него се оди на прослава, односно Рефене. Во Македонија ова традиција позаната е како кумство.

Во Мала Преспа секоја група има свој крст. Тој што го има крстот, кај него се оди фамилјарно на прослава или Рефене. Тој го чува крстот една година, од едни до други Водици, што значи за тоа време го има кумството.

После крстот го превзема друга фамилија и кај таа фамилија се оди следната година на прослава, и така крстот кружи и од големината на групата можи за неколку години крстот да се врати во една куќа.

На 19 јануари, рано наутро на знакот од камбаната сите крстови се носат во црквата. Секој со себе носи котле со вода и во него крстот што и припаѓа на таа група. Секој крст се врзува со босилок, каде попот ги пее сите крстови заедно, и со тоа ја осветува (крштева) водата.

Со овој чин, оваа вода добива профилактичка моќ, со неа во текот на денот се прска низ куќата, шталата, и другите простории и има цел да ги избрка сите лошотии.

©Македониум