МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА ВЕЛИГДЕН И ЃУРЃОВДЕН

Црква “Св.Димитрија”, Горна Горица, Мала Преспа

Црква “Св.Димитрија”, Горна Горица, Мала Преспа


Македонците во Албанија го прославија Велигден, црквите во Мала Преспа, Врбник и Голо Брдо беа полни со верници. На Велигден Македонци во Албанија славеа со своите најблиски, во домашна атмосвера и со богата трпеза.

Горна Горица, Мала Преспа

Горна Горица, Мала Преспа


Исто така Македонците во Албанија го прославија и Ѓурѓовден. Овој празник освен православните Македонци од Мала Преспа, Врбник и Голо Брдо го прославија и Македонците муслимани од Голо Брдо и Гора.

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора

Прослава на Ѓурѓовден, Шиштавец, Гора


На Ѓурѓовден во Мала Преспа, Врбник, Гора и Голо Брдо се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади,  и постари одат  по ливадите и бавчите  каде берат гранчиња / потки/ и цвеќиња,  ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните,  се за здравје и во чест на доаѓањето на Пролетта. Според верувањето потките ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа. Во некои места еден боз се става пред куќата пред влезната врата и утрото на Ѓурѓовден секој кога ќе стане и излегува надвор стапнува на бозот за здравје. (Македониум)