ВО АЛБАНИЈА НЕМА БУГАРИ, ВО АЛБАНИЈА ИМА САМО ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА!

10 мај 2013 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) целосно ја поддржува единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција.

 
СМК прокламира дека на целата територија на Република Албанија нема Бугари, ниту втора македонска партија.

СМК со индигнација ги отфрла изјавите на претседателот на грчката партија во Албанија – Партија за човекови права, Вангел Дуле, од заедничката прес-конференција со Изеир Фетаху, претседател на Партијата за демократски просперитет, претставувајќи ја оваа партија за “партија која ги штити Бугарите во Голо Брдо“. За жал, веќе подолго време Изер Фетаху е посредник на државната агенција за Бугарите во светот во издавањето бугарски државјанства за Македонците во Албанија, а заменик министерот за надворешни работи на Македонија и македонскиот амбасадор во Албанија не смееле тоа да не го знаат.

СМК изразува жалење од однесувањето на заменик министерот за надворешни работи на Македонија, кој Партијата за демократски просперитет во македонската јавноста ја претстави како втора македонска партија, со цел раскол во единствената македонска партија во Албанија.

СМК од Министерот за надворешни работи бара да го доведе во рамките на надлежностите однесувањето на заменик министерот за надворешни работи на Македонија, поради грубо мешање во внатрешните работи на Македонската заедница во Албанија.

Партијата за демократски просперитет во Албанија никогаш не била втора македонска партија, ниту кога и да е имала таква регистрација. Партијата за демокртски просперитет во Албанија не е ниту “бугарска” ниту “македонска”, затоа што е формирана во 1991 година како граѓанска партија, а партии на етничка основа дозволени се за регистрација со закон дури од 2004 година. Македонска алијанса за европска интеграција е прва политичка партија во Албанија регистрирана во 2004 година на етничка основа за заштита на правата на Македонците!

СМК ја осудува вмешаноста на претседателот на грчката партија во Албанија, како инструмент на грчките и бугарските служби против Македонците во Албанија.

Сепак, СМК изразува задоволство од одлуките на Вториот Конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција одржан на 6 април 2013 година во Тирана, за консолидација на единствената македонска партија, надминување на недоразбирањата и демонстрација на единство и обединување на сите Македонци во Албанија во единствената македонска партија – Македонска алијанса за европска интегерација, со што сосема јасно беше ставено до знаење дека завршија сите обиди и авантури за формирање на втора македонска партија и се стави крај на евентуална поделба на Македонците во Албанија.

СМК го поздравува обединувањето на Македонците во Албанија во една и единствена македонска партија – Македонска алијанса за европска интеграција и очекува позитивни резултати на престојните парламентарни избори на 23 јуни 2013 година – еден или неколку Македонци пратеници во Парламентот на Албанија!