Во Штип се одржа изложбата “Македонците во Албанија – Идентитет, традиција, култура”

Во Штип се одржа изложбата “Македонците во Албанија – Идентитет, традиција, култура”.

Изложбата содржеше документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Аргентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија.

Изложбата беше подготвена од м-р Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Пригодно обраќање при отворањето на изложбата имаа м-р Васил Стерјовски и Ефтим Митревски.

На отварањето на изложбата присуствуваа гости од Република Македонија, активисти на Македонците од Албанија, Грција, Бугарија и Србија, пратеници од македонското Собрание, преставници од СМК, Матица на иселиниците, и други македонски здруженија.

Изложбата беше организиранa од македонското друштво “Сонце” и здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.

©Македониум