Македонската фолклорна група “Преспа” настапи пред учесниците на самиот на Берлинскиот процес

Учесниците на самиот на Берлинскиот процес, што се одржа во Тирана, имаа можност да проследат културно-уметничка програма, со учество на фолклорни гупи на националите малцинства во Албанија.

Меѓу учесниците настапи и македонската фолклорна група “Преспа” од општина Пустец.

На овој значаен настан настапивме со сплет македонски ора и наидовме на добар прием од сите учесници. За нас беше посебна чест и задоволство да настапиме пред високите европски претставници, рече Лази Стојани, раководител на групата.

Логистичка подршка за настап на македонската фолклорна група “Преспа” даде општина Пустец.

©Македониум