Генци Кадриу е уметник и професор кој живее и работи во градот Фиер, Република Албанија. Неговите родители се преселиле од областа Голо Брдо во градот Фиер во 60-тите години од минатиот век.
Како познат уметник во Албанија, две години работи на композицијата “Македонија”, посветена на македонското потекло на неговите родители, на која во гипс ја има претставено дел од македонската историја.
Станува збор за уникатна композиција за македонската посебност.
Желба на Генци Кадриу е ова композиција да ја направи во бронза.
Генци Кадриу македонскиот јазик го научил од своите родители така како што го зборувале во Голо Брдо.
– Српскиот, бугарскиот и грчкиот јазик не ги разбирам, додека со селата што се во Македонија, од другата страна на границата, се разбираме и имаме ист македонски јазик, – вели Генци Кадриу.
©Македониум