81 ГОДИНА ОД УБИСТВОТО НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ

Пред 81 година – на 23 јули 1942 година, во 21 часот и 10 минути, во стројот за отстрел, на стрелиштето „Гаризон“ во Софија, пред да се чујат истрелите на смртта, позната и убава песна излегува од градите на нескршливите бестрашни борци Никола Вапцаров и Антон Попов.

Претходниот ден софискиот воен суд пресудил смртна казна за Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Георги Минчев, Антон Иванов и Петар Богданов, за нивното антифашистичко дело. По објавување на пресудата, во судската сала се слушале лелеци и плач од најблиските. Вапцаров, непосредно пред да биде стрелан, ѝ ја напишал на својата сакана Бојка песната „Проштална“.

По стрелањето, кое Вапцаров го преживеал, лично Царот Борис Трети издал наредба да се стрела по втор пат – Борис е директниот наредбо-убиец на Никола Јонков Вапцаров!

Минатата година проф.Стојко Стојков ја редактираше книгата – Никола Јонков Вапцаров “Ние сме македонци и нашето творчество трябва да бъде в служба на македонската кауза”, во издание на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров”, Благоевград.

Бидејќи целосно се исцрпи тиражот од првото печатење, со донација на неколку патриоти од Македонија, се изврши и второ печатење на истата.

Ние денес ви ја споделуваме нејзината онлајн (бесплатна) верзија:

https://eprints.ugd.edu.mk/…/Nikola%20Vapcarov_2022…

СЛАВА ИМ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЈУНАЦИ!

ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН