Етничките Македонци во Албанија се дискиминирани и се чувствуваат многу вознеминрени од растот на ескремен начин на националистичките тонови, кои се опасност што може да им наштети на државните односи меѓу Албанија и Македонија. Од друга страна ние се чувствуваме горди што Република Македонија ги штити и ги почитува до максимум правата на Албанците таму. Во Албанија правата на македонското малцинство не се почитуваат ни 10 отсо споредено со оние на Албанците во Република Македонија.
Ова во интервју за тиранскиот весник „Газета шќиптаре“ го изјави, Едмонд Темелко, градоначаникот на општина Пустец и лидер на партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.
На прашањето што бараат Македонците од албанските власти Темелко одговара дека тоа е почитување на меѓународните конвенции и апелите на меѓународните организации за заштита на македонскиот етнички идентитет, култура и религија.
– Бараме настава на свој мајчин македонски јазик за сите Македонци во Албанија, без разлика каде живеат во Голо Брдо, Гора или, пак, во други региони, како и застапеност во јавната администрација, судството и полицијата, каде што нас Македонците воопшто и не нема. Значи, да ги имаме истите права како и Албанците во Република Македонија, кои, како што знаете и вие, застапени се на сите нивоа на власта и јавната администрација, изјави Темелко, категорично нагласувајќи дека Македонците во Албанија го бараат само она што им припаѓа со меѓународните конвенции.
Во врска предизборното коалицирање на МАЕИ, партија која на последните локални избори коалицираше со Демократската партија на Сали Бериша, Темелко вели дека коалицираат со онаа партија која што ќе го гарантира исполнувањето на правата на Македонците.
– Гарантирање на правото на образование на мајчин македонски јазик. Македонците што живеат во Голо Брдо немаат училиште каде ќе учат на мајчин македонски јазик. Та е скандалозно, отворено насилство врз малциснтвата. За тоа доставивме петиција до сите надлежни и се уште немаме одговор. Згора на тоа Македонците денес се во опасност од естремните националистички кругови, како што е Алијансата „Црвено црни“ кои неодмана се осмелија да им се закануваат на Македонците во Пустец. Многу сме блаодарни што имаше остра осуда од страна на американскиот амбасадор во Тирана, за жал албанските државници не реагираа, вели првиот човек на Пустец.
Тој искажува убеденост дека пратениците во албанскиот парламент ќе го изгласаат законот за враќање на автентичните топони во Мала Преспа.
– Имав средби со премиерот Сали Бериша, како и со лидерите на социјалистите, Еди Рама, и на Социјалистичката интеграција, Илир Мета и оптимист сум дека парламентот на Албанија ќе го усвои законот, посочи Темелко. (Македониум)
Maqedonasit ne Shqiperi kerkojne ato te drejta qe parashikohen ne Kushtetute.Por konstatojme se kohet e fundit po nxitet urejtja etnike nga disa grupime politike si brenda vendit dhe nga Maqedonija.Eshte per te cuditur fakti se te dy popujt kane bashkejetuar dhe nuk kane bere asnjehere lufte ndaj njeri tjetrit per faktin se mbas luftes se dyte ballkanike,atehere kur u percaktuan kufijte e shteteve te Ballkanit, Maqedonia dhe Shqiperia kane qene viktima. Ne qoftese shqiptaret e maqedonise kane vuajtur nga serbet, pse duhet te cfryhen kunder maqedonasve. Mendoj se urejtja, mllefi kane mare nje revansh te madh, ku po zgjerohet shtrirja. Ne keto kushte, media dhe forcat politike duhet te punojne ne drejtim te bashkejeteses, te zgjidhjes se kerkesave te minoriteteve dhe ne te kunderten e saj.
Maqedonasit ne Shqiperi kerkojne ato te
drejta qe parashikohen ne Kushtetute.Por konstatojme se kohet e fundit po nxitet urejtja etnike nga disa grupime politike si brenda vendit dhe nga Maqedonija.Eshte per te cuditur fakti se te dy popujt kane bashkejetuar dhe nuk kane bere asnjehere lufte ndaj njeri tjetrit per faktin se mbas luftes se dyte ballkanike,atehere kur u percaktuan kufijte e shteteve te Ballkanit, Maqedonia dhe Shqiperia kane qene viktima. Ne qoftese shqiptaret e maqedonise kane vuajtur nga serbet, pse duhet te cfryhen kunder maqedonasve. Mendoj se urejtja, mllefi kane mare nje revansh te madh, ku po zgjerohet shtrirja. Ne keto kushte, media dhe forcat politike duhet te punojne ne drejtim te bashkejeteses, te zgjidhjes se kerkesave te minoriteteve dhe jo ne te kunderten e tyre.