На локални избори во Албанија, довербата да биде прв човек на општина Пустец Македонците повторно му ја доверија на Пали Колефски, кој и во изминатите четири години беше на чело на општината.
Тој во објава на Фејсбук се заблагодари и порача дека „Преспа ќе продолжи да живее” и оти жителите на општина Пустец го избрале најдоброто.
-Драги мои, прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори. Продолжуваме со макотрпна работа, продолжуваме да работиме за општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви благодарам од се срце, напиша Колефски на Фејсбук.
За Колефски гласале 63,8 отсто, додека за неговиот противкандидат Панди Јани 36,2 отсто.
Пали Андон Колефски (43) на изборите беше кандидат на Социјалистичката партија, поддржан од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
©Македониум