Екслкузивно видео од расправата во законодавната комисија на алабанскиот Парламент за враќање на македонските топонимии во Мала Преспа.

На 11 март 2013 година Законодавно-правната комисија на албанскиот Парламент го изгласа предлог законот со кој се бара наметнатото албанско име на општина Лиќенас да се смени со претходното македонско име Пустец. Се очекува овој прелог закон да биде поставен во понеделник на 18 март 2013 година на дневен ред на седница на Парламентот и потребно е двотретински мнозинство за да се одобри овој предлог.

Предлагачи на овој предлог закон беа четири пратеници од Корчанскиот округ и тоа Едмонд Спахо, Ѓерѓи Папа, Ледина Адоли и Измаил Хоџа, додека претходно на иницијатива на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција се собра петиција од 3500 потписи каде се бараше враќање на македонските топонимии во Мала Преспа.

На седницата на Законодавната комисија имаше дебата помеѓу пратениците од Демократска и Социјалистичка партија. Пратениците од Социјалистичка партија се бунеа зошто сега се предлага овој предлог закон и дека овој проблем да се реши со референдум без да се прави териториална реформа. Пратениците од Демократска партија го бранеа предлогот со тоа дека нема потреба од териториална реформа за враќање на претходното име и дека порано немаше консензус за овој предлог затоа и не се предлагаше, а сега кога преставниците на македонкото малцинство успеаја да обезбедат консензус од парламентарните партии го предлагаат.

На состанокот на Законодавната комисија учествуваше и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец кој ги повика присутните пратеници да го подржат овој предлог закон и со тоа ќе се исправи една неправда која е нанесена од комунистичкиот систем врз македонското малцинство во Мала Преспа.

Овој предлог закон по втор пат ќе се најде на седница на албанскиот Парламент, претходно во 2009 година повторно на предлог на пратеникот Едмонд Спахо се предложи овој предлог закон но не се изгласа во Парламентот бидејќи тогаш пратениците на Социјалистичка партија  ја напуштија седницата на Парламентот. Овој пат, иако пратениците на Социјалистичка партија не го гласаа прелог законот на седницата на Законодавната комисија, се прават напори да во понеделникот на седница на Парламентот и социјалистите да го подржат овој предлог закон.

Весник Македониум ексклузивно ја пренесува целата дебата на Законодавно-правната комисја во албанскиот Парламент.

(За повеќе погледенете го видео – записот со македонски превод.)

Илир Русмаили (Претседател на законодавната комисја при Парламентот на Република Албанија):  Го предложивме на дневен ред предлог законот “За измена во Законот бр.8653 од 31.07.2000 “За аминистративно-територијална поделба на единиците на локалната самоуправа во Република Албанија”. Овој предлог-закон доаѓа како иницијатива на колегите пратеници Едмонд Спахо, Ѓерѓи Папа, Ледина Адоли, Исмаил Хоџа. Од инициаторите со нас денеска се г-дин Спахо и г-дин Папа како и поканат е и г-дин Едмонд Темелко, градоначалник на општината за која станува збор. Јас ви посакувам добредојде во комисијата и го поканувам г-дин Спахо да ни ја престави иницијативата.

Едмонд Спахо (Демократска партија):  Благодарам г-дин претседател, почитувани колеги. Ова е инициатива на четири пратеници на власта за смена на името на општина Лиќенас (Пустец) и враќање на претходното  име.

Како што знаете, во средината на 70-те години имаше иницијатива за промена на имињата на неколку села, меѓу кои некои села во ова општина. Всушност ова е поширока инициатива од четирите пратеници кој се потписници, има петиција од жителите на ова општината, кои мора да се кажа целосна е населена од македонска заедница. Ова петиција е одобрена од советот на општината и така е одобрена и од Префектурата во Корча. Преставена е од наша страна во Парламентот затоа што смената на имињата на селата кои се центар на општините се прави со Закон од страна на Парламентот на Албанија. Ова иницијатива е преставена и во 2009 година, но бидејќи беа потребни 3/5 од гласовите за да се усвои, не се обезбеди кворум во тоа време.  Повторно ја преставуваме со верување дека можеби овој пат ќе се успее да се обезбеди кворум. Јас би сакал да истакнам уште еднаш дека името Пустец на селото центар на општината, како што и се бара да се врати, историски е користено и е сменето кон средината на 70-те години во рамките на една иницијатива која се превзеде во тоа време, од причини кои во денешно време звучат ненормални. Ова е и причината што ја преставуваме ова иницијатива за да се врати оригиналното име. Благодарам

Илир Русмаили (ДП): Благодарам г-дин Спахо. Прашања од колегите?

Башким Фино (Социјалистичка партија): Ви благодарам претседателе. Не разбрав од предлагачите за смена на името, кои се причините, зошто се бара промена на името? Мене ми изгледа поинтереснп името Лиќенас, во споредба со старото име што било. Второ што сакам да ги прашам предлагачите и моите колеги е како што кажа и самиот г-дин Спахо, ова е закон кој бара 3/5, е закон за кој треба да се направи териториална реформа , која е задоцнета и веројатно требаше да се направи со време, нова териториална поделба,  помеѓу Социјалистичка партија и Демократска партија без разлика што тука имаме да праиме едноставно со смена на едно име и имам впечаток дека ова реформа е многу важна и нетреба да се зема дел по дел, некаде даваат предлози за врќање на името на некоја општина, некаде пред три години ни дојде предлог да ги смениме од комуна (рурална општина) во башкиа (градска општина) и др предлози. Мислам дека треба сеопфатна реформа за да се донеси овој закон. Првото прашање беше најважно, причината зошто?

Илир Русмаили (ДП): Благодарам г-дин Фино

Едмонд Спахо (ДП): Причините јас ги споменав, ова е барање на сите жители на ова општина да и се врати старото име на селото кое го имаа до средината на 70-те години, и не е само ова село, се и неколку други во ова општина, додека за нив е делувано бидејќи тоа е надлежност на советот на општината, додека во случајот на селото центар на општината надлежноста е на Парламентот на Албанија. Во врска со второ прашање за да чекаме темелна териториална реформа, мислам дека ова што го предлагаме нема врска со териториална реформа на единиците на локалната самоуправа, туку едноставно имаме да правиме со враќање на претходното име на селото и мислам дека не постои причина да го одлагаме за некое подоцнежно време.

Илир Русмаили (ДП): Ви благодарам, следно прашање.

Василика Хиси (СП): Г-дин Спахо, според документите што се дадени во прилог на овој закон и конкретно одлуката на советот на општината излегува дека овој проблем е покренат уште во февруари 2008 година. Зошто имате чекано речиси 5 години за да ги преставите овие видови на промени? Рековте за 2009 година дека не добивте консензус. Во 2008 немало консензус? Вие ги извршивте Уставните промени во 2008 година. Благодарам

Едмонд Спахо (ДП): Од февруари 2008 година кога е усвоен од советот на општината, после следи една процедура, разгледан е од Префектурата, доби одобрување од Префектурата, после стигна како предлог во Парламентот и во почетокот на 2009 година е разгледан во Парламнетот на Албанија во законодавната комисија, после се мислеше дека ќе има консензус, потоа се повлече согласноста, незнам од кои причини но не се гласаше на седница на Парламентот. Но повторно е преставен после напорите што ги имаат направено преставниците на македонската заедница за да се постигне консензус.

Илир Русмаили (ДП):  Добро благодарам. Следно прашање? Да, г-дин Фино.

Башким Фино (СП):  Од ова последното прашање што г-дин Спахо рече дека има консензус. Сакам да занам дали вистина постои консензус!?

Илир Русмаили (ДП):  Ок. Постои консензус?

Едмонд Спахо (ДП): Јас се изјаснив за активностите што ги имаат превземено преставниците на македонската заедница за да се обезбеди консензус.

Илир Русмаили (ДП):  Да го слушниме градоначалникот на општината

Едмонд Темелко (Градоначалник на општина Пустец): Благодарам г-дин претседател на законодавната комисија, ве поздравувам сите пратеници во ова комисија. Сака да разјаснам дека ова е постојано барање уште од 1990 година наваму во областа Преспа, во општина Лиќенас (Пустец) , враќањето на старите имињата на селата и името на центарот на општината, затоа што ви ставам до знаење, знаат сите не само жителите на областа на Преспа но и пошироко во Корчанскиот регион, во секојдневната употреба не се користи термионот општина Лиќенас од самите жители, но се користи името Пустец. Дури и повеќе меѓународни организации како Хелсиншки комитет, Албанската група за човекови права, како и многу други организации ни го имаат дадено ова право. Ние како преставници на малцинството имаме остварено средби со сите парламентарни партии во Албанија и речиси сите се согласуваат со ова иницијатива што ја имаме превземено затоа што е едно право што ни е одземено и ние бараме да се врати на место и не постои вознемирувачки проблем . Јас, ја користам приликата да ве повикам да го изгласате ова наше барање затоа што е во интерес на областа Преспа, округот на Корча и во интерес на самата Република Албанија, затоа што е едно право што ни е одземено од претходниот систем, и е право кое доаѓа на свое место во демократија. Ви благодарам

Илир Русмаили (ДП):  Ви благодарам. Други дискусии? Да, г-дин Фино

Башким Фино (СП): Благодарам, претседателе.  Ако се погледне на прв поглед излгеда како обичен нацрт-закон, еден нацрт-закон кој нема некоја голема работа, ако се смени името од Лиќенас во Пустец, но не за џабе законодавците ги направија законите 8652 и 8653 во 2000 година кои се важни закони, закони кој бараат интервенција во Парламентот со 3/5, нормално дека е неопходно да денеска ние во Албанија, двете политички партии сме изјаснати со време, имаме побарано да се изврши териториална реформа, затоа што јас се и другпат се имам изјаснато  дека е голем лукс да Албанија има 308 комуни (рурални општини) и 65 башки (градски општини) на една толку мала територија. Во овој правец мислам дека нашите колеги не го нашле вистинското време да го предложат и да се донесе. Затоа го направив претходно прашањето ако имаат постигато консензус нека ни кажат каде е, затоа што вистина е нешто што ќе се гласа во Парламентот и бара 3/5. И последно што имам за да не ве вознемирувам, и што вие сте навикнати г-дин претседателе, посебно вие што повремено ви доделува задачи Премиерот со референдумски иницијативи, многу добро и ова можи да се врати во референдумско прашање, локален референдум, многу важно што ќе можи овие сами да гласаат да го решат овој проблем без да не вознемируваат нас, без да направиме голема териториална реформа. Јас мислам дека вие да се насочевте во овој правец повеќе, отколку да не свикавте денеска на овој состанок на Комисијата за да земите одлука и нашите гласови за да го промените името на општина Лиќенас. Благодарам

Илир Русмаили (ДП):  Благодарам г-дин Фино. Г-дин Сула

Дашнор Сула (ДП):  Благодарам г-дин претседател. Пред да почнам да зборувам како политичар, ќе зборам како член на законодавната комисија. Јас ќе започнам со аргументите што ги престави  г-дин Спахо и градоначалникот на општината и апсолутно немаше ниту еден политички аргумент, било од г-дин Спахо или од градоначалникот, но градоначалникот на општината посебно кажа точно и јасно дека во целата општина Лиќенас, им се изменети имињата на селата поради тоа што постои македонска заедница во ова општина и дојдено е време што се однесува до името на центарот на општина Лиќенас да се врати во Пустец. Така како што рече и градоначалникот на општината тука станува збор и за максимално почитување на правата на националното македонско малцинство кое живее на територијата на Република Албанија. Апсолутно ова нема да прави со териториалната реформа, што се однесува во смената од комуни во башкии, тука станува забор едноставно за промена на едно име. Не станува збор за териториална реформа која бара поширок консенсус, но само смена на едно име. Лично ја подржувам ова иницијатива на пратениците од Корча и сигурно и заедницата на општината во областа каде што се малцинство таму ја чекат со многу желба и задоволство да се смени и да се врати нивното право, затоа што е нивно право кое им е негирано и е одземено во 1973 година кога и е сменето името од Пустец во општина Лиќенас. Сигурно јас мислам г-дин претседател дека ќе е во чест на ова комисија и посебно на господата од опозоцијата да не ја пречат, затоа што ова е вторпат како доаѓа овој предлог во нашата комисија и е одбиен конкретно од опозиционите пратеници во 2009. Се рече околу проблемот со времето, зошто доаѓа сега во овој момент. Сигурно доаѓа во овој момент, затоа што треба да го искористиме овој момент, велам во наводници политички, двете паолитички сили и опозицијата и мнозинството, треба да дадеме консенсус затоа што е едно право од кое нема корист асполутно никој ниту Демократската партија, ниту опозицијата . Станува збор за една заедница која ние треба максимално да ја почитуваме, ако ги имаме предвид сите права кој ги имаме потпишано  и сите конвенции кој ги има ратификувано Албанија. Во рамките на Преродбата што се бара во Албанија на ово име ќе и се додаде ново име од “Лиќенас” во “Пустец”. Благодарам

Едмонд Спахо(ДП): Сакам да нагласам дека за цело ова време направени се напори да се постигни консенсус, делот со консенсусот не го донесе овој предлог пред нас. Ова, а не крајот на мандатот, нема врска со крајот на мандатот. Второ, јас им имам направено јавни повици и другите  колеги од опозицијата во околијата на Корча да и се придружат на ова иницијатива. Немавме никаква забелешка во врска со тоа, и што се однесува до референдумот, всушност референдум е одржан. Фактот што сите жители на општината без исклучок се потпишани на петицијата сака да кажи дека сите се за да се врати старото име. Благодарам.

Илир Русмаили (ДП): Благодарам. Тогаш, нема други дискусии и го ставаме предлогот на гласање. Кој се согласува со нацрт-законот? … Против? Еден, два, три…Воздржани? Еден..

Се одобрува.

(Македониум)