Во соседните земји на Република Македонија живее македонски народ со векови. Не е тоа никаква дијаспора, никакви раселеници, иселеници или доселеници.
Во земјите на бившата СФРЈ (била заедничка држава) живеат раселени Македонци.
Раселени Македонци (присилно) има од Егејска Македонија во Пиринска Македонија, Турција и во Република Македонија.
Иселени Македонци има во Западна и Северо-источна Европа и во пранешен СССР.
Пребегани Македонци од цела етногеографсака и историска Македонија има во прекуокенските земји.
Иселени Македонци (муслимани) има во Турција од Егејска Македонија, од Република Македонија и од Гора, Косово.
Во соседните земји на Република Македонија не живее никаква наша дијаспора туку македонски народ на своите вековни огништа.
Стево Симски